Нова зимска колекција

Деновите стануваат поладни, а природата полека се смирува и се подготвува за зимата. Подгответе се и вие со новата Том Тејлор зимска колекција!

Зимската колекција е фокусирана на зимски јакни и зимски капути кои импресионираат со квалитетен и модерен изглед, а притоа добро штитат од студот. Во рамки на колекцијата ќе пронајдете и топли плетени артикли, фармерки во различни стилови, елегантни панталони, спортски џемпери, женски блузи, женски фустани и машки кошули. Исто така, не ги заборавивме и зимските додатоци како капи, шалови и ракавици.

Колекцијата ја обоивме во бои кои потсетуваат на зимски пејзажи. Главните бои оваа сезона се тегет и светло сина, тиркизна, сива и беж. Создадовме парчиња кои лесно ќе ги комбинирате и спојувате во модна комбинација.

Да ја направиме оваа зима прекрасна!

Зимско модно правило: слоевито облекување

Да започнеме со основите. Зимата е вистинската сезона за слоевито облекување, за да се погрижиме дека нема да ни е ладно и покрај ниските температури. Неколку потенки слоја облека ќе направат да ни е потопло наместо еден подебел, затоа што топлиот воздух помеѓу слоевите делува како изолатор.

Зимските модни комбинации треба да се сочинети од најмалку три слоја облека:

  • ОСНОВЕН СЛОЈ: Лесно модно парче со долги ракави кое е во директен контакт со кожата.
  • СРЕДЕН СЛОЈ: Подебело модно парче кое ја зачувува телесната топлина. Најдобро е да е направено од волна или полиестер.
  • НАДВОРЕШЕН СЛОЈ: Надворешно модно парче кое штити од временските услови.

Бидејќи надворешниот слој на облеката вообичаено е тежок, другите внатрешни слоеви треба да бидат што е можно полесни, поудобни и да дозволат циркулација на воздух. Златното правило при слоевитото облекување е да започнете од полесен кон потежок слој и од подебел кон потенок слој. Вака, слоевите на облеката кои се лесни и дозволуваат продорност на воздух се најблиску до кожата, додека тешките слоеви се однадвор за да нѐ заштитат од студениот ветер. Дополнителна предност е тоа што потешките слоеви може да се отстранат доколку е потребно и ни стане премногу жешко.

Не заборавајте на топлите модни додатоци како капи, шалови и ракавици кои дополнително штитат од студот.

Незаменливи основни модни парчиња

Том Тејлор секогаш обезбедува одличен избор на основни модни парчиња кои се темел на гардеробата. Дел од овие модни парчиња се едноставните маици со долги и кратки ракави, машките кошули, женските блузи и фармерките.

Во зима, маиците со долги ракави ќе ги заменат кошулите со кратки ракави. Во зимската колекција ќе најдете квалитетни маици со долги ракави изработени од 100% памук. Достапни се во различни монохроматски верзии, со дезен со линии, со Том Тејлор лого и со други мотиви. Овој тип на маици добро изгледаат како основен слој при слоевито облекување во зима.

Машките кошули се задолжителни во секоја наша колекција. Можете да изберете од понудата машки кошули во различни бои, кроеви и дезени. Некои од кошулите се направени од подебели ткаенини, како сомот, па затоа се совршени за студените денови. Сигурни сме дека ќе најдете кошула што ќе сакате да ја носите уште многу години.

Дами, не пропуштајте ја нашата селекција на женски кошули и женски блузи. Изберете долга кошула, врз неа облечете краток плетен џемпер и заокружете ја модната комбинација со фармерки. Оние кои се посамоуверени ќе бидат импресионирани од блузите со впечатлив дезен, кои најдобро се комбинираат со црни панталони со прав крој.

Едно од најпрепознатливите парчиња во Том Тејлор асортиманот на облека се дефинитивно фармерките. Во зимската колекција ќе најдете сè - од нашите класични фармерки Алекса за неа и Џош за него, до најмодерните тексас кроеви. Совршено ќе може да ги комбинирате со трикотажата што ја претставуваме подолу.

Топлата прегратка на трикотажата

Зимата е време за пријатна, мека и топла трикотажа. Да започнеме со плетени монохроматски џемпери со кружно или “V“ деколте. Ги имаме во светло сина, тиркизна, беж и розова боја за неа и во различни нијанси на сина, тиркизна, сива, зелена, црвена и портокалова за него. Ако монохроматските џемпери ви се премногу здодевни, изберете џемпер со дезен со линии.

На дамите ќе им се допаднат пошироките ролките кои обезбедуваат максимална удобност при носењето. Исто така, во колекцијата има и плетен елек кој може да се носи врз кошула и ќе биде убав додаток на вашиот изглед. Класика во женската зимска гардероба се плетените кардигани кои исто така ќе ги најдете во понудата.

Гардеробата на жените не е целосна без барем еден фустан, па токму затоа имаме плетени фустани во различни кроеви и должини. Комбинирајте ги со топли хулахопки, волнено палто и чизми. Ќе пронајдете и женски плетени здолништа, кои кога се комбинираат со плетен џемпер се совршен моден избор за зимските денови.

Мажите ќе бидат импресионирани од плетените џемпери со “тројер“ јака со патент, кои одлично се комбинираат со фармерки. Во зима, плетената ролка може да ја замени кошулата во комбинацијата на машка кошула и блејзер. За мажите кои на прво место ја ставаат практичноста, плетен кардиган со патент и странични џебови е вистинскиот избор.

Нашата трикотажа е квалитетна и многу лесна за одржување, бидејќи може да се пере во машина, на 30 степени Целзиусови, без никакви грижи.

Зимски јакни и зимски капути

Ќе завршиме со зимски јакни и зимски капути. Комбиниравме удобност со модерен изглед и функционалност при студено време.

Во женската колекција, ќе најдете “puffer“ јакни со широк или припиен крој и исправена јака, “puffer“ јакни со сјаен изглед и разновидни капути во “puffer“ стил. Во колекцијата вклучивме и капут од вештачко крзно, додека нешто посебно е капутот со реверзибилно ватирање, кој може да се носи на два начина.

Во машката колекција имаме ватирани зимски јакни со повеќе џебови, “puffer“ јакни со качулка, “puffer“ јакни со исправена јака, зимски парки и 2-во-1 волнени јакни и волнени капути.

Која е главната предност на нашите зимски јакни и капути? Тие се еко-пријателски затоа што се направени од рециклиран полиестер и користиме 100% рециклирани пердуви за нивно полнење. Претежно се водоотпорни и нудат добра заштита од студените зимски ветрови.

Добредојдени сте да ја погледнете нашата зимска колекција во продавниците на Том Тејлор!