Зимски јакни

Како што пристигнува постудениот дел од годината, многу луѓе ќе бидат во потрага по нова зимска јакна. Тежнееме да бидеме попребирливи кога купуваме јакна, бидејќи сакаме да избереме квалитетна јакна што ќе може да ја носиме неколку сезони по ред.

Овогодинешната зимска колекција вклучува широк избор на зимски јакни и капути, со кои создадовме совршен баланс помеѓу најновите модни трендови и функционалноста во лоши временски услови, земајќи ги предвид и начелата по кои се водиме за еколошки одржлива мода.

Нудиме широки „puffer"" јакни, кои во моментов се многу тренди, технички јакни, парки и стилски капути. Тие ќе ви помогнат да создадете пријатно чувство на топлина дури и во најстудениот зимски ден. Не дозволувајте ниските зимски температури да бидат изговор за да не уживате во прекрасните зимски предели!

Ватирани зимски јакни

Да започнеме со зимски или "puffer" јакни, кои се најдобриот избор кога температурите паѓаат под нулата.

Користевме специјална, "BIONIC-FINISH® ECO" техника за обработка на текстил, која ги прави јакните водоотпорни, како и "Sorona® Aura" изолација, која обезбедува чувство на леснотија и продорност на воздух, истовремено, овозможувајќи извонредна отпорност на загубата на топлина. Јакните нудат многу простор за складирање, со големи џебови на предната страна и скриени џебови внатре.

Во женската колекција ќе најдете "puffer" јакни во струкиран, женствен крој, со качулка што се вади. Достапни се во различни бои како црна, кафена, розова, бела и тиркизна. Широката 2-во-1 "puffer" јакна ќе го разубави сивилото на зимските денови. Нејзиниот внатрешен дел е изработен од вештачко крзно, има качулка којашто се прицврстува со патент, додека горниот дел има сјаен изглед и се прицврстува со копчиња.

Подолгите "puffer" јакни во капут-стил се исто така одличен избор. Ги има во различни бои и секоја од нив има интересен детаљ, како плетена ткаенина на рамениците или вештачко крзно на качулката. Машкиот избор вклучува "puffer" јакни со качулка и пуфер јакни со јака и скриена качулка, во црна, портокалова и различни нијанси на сина боја.

"Slowdown" колекција: 100% рециклирачко полнење

Во понудата на ватирани зимски јакни, создадовме специјална колекција наречена ""Slowdown"", каде што користевме рециклирани пердуви за полнење на јакните.

Ова ги вклучува пердувите кои се добиени од користени перници и јакни кои повеќе не се соодветни за употреба. Преку посебен процес, пердувите се прочистуваат за повторно да станат употребливи. На овој начин помагаме да се намали количината на депонии, каде всушност, би завршиле старите јакни и перници исполнети со пердуви.

Употребата на рециклирани пердуви е одржлива алтернатива на првобитните пердуви, кои сепак обезбедуваат највисок сооднос топлина - тежина од кој било изолационен материјал.

Зошто да изберете јакна со рециклирачко полнење?

  • ИЗДРЖЛИВОСТ: Користењето рециклирани материјали има помало влијание врз животната средина отколку користењето на конвенционалната синтетичка подлога.
  • БЛАГОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ: Јакните се полнат со 100% рециклирани пердуви, што, со други зборови, значи дека не се користат нови делови од други животни.
  • КВАЛИТЕТ: Пердувите имаат својства за регулирање на топлината и меѓу другото, даваат подобра форма од синтетичките подлоги.

Во "slowdown" колекцијата ќе најдете јакни за мажи и жени. Женски "puffer" јакни со исправена јака, во светло сина и црна, како и женски капути во "puffer" стил, во светло сина, бела и црна боја. Мажите можат да избираат од  "puffer" јакни, како и палта во "puffer" стил,  во темно сина, сино-сива, бела и жолта боја.

Елегантни капути

Кога се облекуваме поелегантно, може да се случи густата зимска ""puffer"" јакна да не оди најдобро со целокупниот изглед, бидејќи го натежнува. Решението е зимски капут, кој за жал може да не нè загрева доволно и да ни биде прилично ладно.

При изборот на елегантен зимски капут, треба да најдеме компромис помеѓу добриот изглед и вистинскиот материјал. Најдобар начин да се загреете е да носите капут, кој барем делумно е изработен од волна.

Во женската колекција вклучивме трендовски капути со дезени, кои ќе додадат убав шмек на едноставните едноделни модни комбинации. Одличен избор е капутот од волнена мешавина, во беж боја, со ремен за врзување, што е есенцијално модно парче коешто мора да го имате. Други опции вклучуваат струкиран капут со качулка и сив капут со исправена јака.

За мажи, имаме 2-во-1 капути од волнени мешавини со исправена јака во црна, сина и сива боја. Ваквиот капут е навистина елегантен и се смета за вечна класика. За оние кои сакаат нешто поразлично, тука е 2-во-1 капутот од волнена мешавина со качулка.

Останата понуда

  • Машки зимски јакни,
  • машки парки,
  • женски капути со две лица,
  • женски зимски мантил
  • и ватирани машки и женски елеци.

Грижа и материјал

Одржувањето на зимските јакни на Том Тејлор е лесно, бидејќи може да се перат во машина за перење алишта, на 30 степени Целзиусови, без да се грижите. Сепак, ве советуваме да ја користите деликатната програма и да ги оставите јакните да се исушат на природен начин по перењето.

Како што споменавме претходно, им дадовме приоритет на рециклираните материјали. Затоа, јакните се воглавно направени од рециклиран полиестер, каде што користевме специјални REPREVE® влакна добиени од рециклирани пластични шишиња.

Сигурни сме дека ќе најдете зимска јакна која ќе ве импресионира. И што е најдоброто? Вашиот избор ќе биде еко-пријателски!