Поло маици започнувајќи од 1.249 ДЕН

Поло маицата е едноставно и безвременско модно парче кое секој маж треба да го има во својот гардеробер. Нудејќи ја вистинската рамнотежа помеѓу лежерен и поформален изглед, поло маицата одлично одговара во различни модни комбинации. Првично носени од поло играчи и од тенисери, поло маиците подоцна беа адаптирани од различни модни дизајнери и станаа моден хит.

Том Тејлор знае колку машките поло маици можат да бидат разновидни, па затоа се незаменлив дел од неговата понуда. Дополнително, Том Тејлор има специјална понуда за вас: машки поло маици започнувајќи од 1.249 ДЕН.

Разлика: класична маица и поло маица

Најпрво, да ја објасниме разликата помеѓу класична и поло маица. Класичната маица има едноставна кружна јака и може да има различен дизајн, додека поло маицата има стандарден дизајн со исправена јака и со две или три копчиња. Материјалот е исто така една од важните разлики. Двете се направени од памук, но поло маицата е направена од плетен памук (pique), додека класичната маица е направена од ткаен памук (jersey).

Вистинска големина

Најважно од сѐ е секако, вистинската големина. Со оглед на тоа дека поло маиците вообичаено не се носат вметнати во пантолоните, не треба да бидат премногу долги. Запаметете дека работ треба да заврши во пределот на патентот на пантолоните. Доколку е премногу долга, вишокот материјал ќе се насобере околу колковите, што не изгледа добро. Како и да е, поло маицата треба да стои како и било која друга маица која ви прилега добро, односно малку потесна во пределот на рацете и градниот кош и малку поширока во пределот на половината. Некои поло маици со кратки ракави имаат ребраста лента на крајот од ракавот, па погрижете се да не ви е премногу тесна.

Добар изглед

Постигнувањето на добар изглед со поло маица не е тешко. За секојдневни пригоди, комбинирајте ја со фармерки и бомбер јакна, а за малку поспортски изглед, направете комбинација со шорцеви или спортски тренерки. При креирање на вашиот секојдневен изглед, можете да бидете похрабри и да одберете поло маица во живописни бои, дезени или принтови. Поло маицата може да биде и алтернатива на кошула, правејќи ја соодветна за полу-формален или лежерно елегантен изглед. Во овој случај, поло маицата треба да биде во класична боја, како црна, бела или сина и во комбинација со чино панталони.

Том Тејлор поло маици

Том Тејлор во својата понуда има монохроматски поло маици во морнарско сина, светло сина, портокалова, бела, црна и сива боја, како и поло маици со мали детали или различни дезени. Направени се од меки материјали, што ги прави удобни за носење. Во пределот на градниот кош, поло маиците имаат везено Том Тејлор лого. Креирајте го вашиот сет монохроматски поло маици во умерени нијанси и додадете малку живост на основата со живи бои и дезени. Ова ќе биде добра почетна точка за креирање на понатамошни модни комбинации.