
ВОДИЧ: Том Тејлор женски фармерки за сите фигури
Фармерките дефинитивно се незаменлив дел од женската гардероба. Ова безвременско модно парче се носи од најголемите модни ентузијасти, како и од оние кои повеќе преферираат удобност. Со оглед на тоа што денес имаме голем и разновиден избор модели, купувањето на вистинските фармерки може да биде вистински кошмар за многумина. Најверојатно секоја жена се нашла во ситуација некој модел фармерки многу да и се допаѓа. но подоцна излегло дека не и прилегаат добро и ги нагласуваат сите оние “маани“ кои таа сака да ги прикрие. Кога одбираме фармерки, важно е да пронајдеме баланс помеѓу удобноста и кројот кој ни прилега на нашата фигура. За шопингот на фармерки да е уште поубава активност, Том Тејлор приготви водич кој ќе ви помогне да ги пронајдете вистинските фармерки за кои ќе бидете навистина возбудени.
КРОЈ, ДОЛЖИНА И СТРУК НА ФАРМЕРКИТЕ
• ВИСОК СТРУК: Фармерките се на ниво на папокот или минимално над него. Одлични се за креирање илузија на струк, помагајќи да се сокрие дел од стомакот и визуелно да се издолжат нозете.
КАКО ЈА ОДБИРАМЕ ГОЛЕМИНАТА?
Не ви е сосема јасно што значат двете бројки најчесто дадени како големина на фармерките? Ќе ви објасниме преку пример за фармерки со големина 27/32. Бројот 27 означува ширина или конфекциска величина “S“ (36), а бројот 32 - должината на фармерките. Најсигурниот начин е да го измерите обемот на половината и колковите (ширина) и должината по рабовите (должина на фармерките. Рабовите се протегаат од спојот на меѓуножјето до работ на ногавицата. Мерете на фармерките кои веќе ги имате и ви прилегаат одлично. Врз основа на добиените мерки, прочитајте ја големината на таблата со величини.
ТОМ ТЕЈЛОР ЖЕНСКИ ФАРМЕРКИ
Од понудата на Том Тејлор
СОВЕТИ ЗА ЖЕНИ
Можете да прочитате повеќе за тоа како да се облечете соодветно на вашиот тип на тело во нашите модни совети за секој облик на тело.