Трикотажата сѐ уште е во мода! 

Зар има нешто подобро во зима од убава и топла прегратка од трикотажа? Секоја зима, плетените џемпери и плетените кардигани се враќаат на сцена и се грижат да не ни е ладно за време на ниските зимски температури. Затоа, плетените артикли се незаменлив дел од нашата зимска колекција. При креирање на плетените артикли, ги имаме предвид удобноста, квалитетот, функционалноста и добриот изглед. Ги преферираме класичните кроеви кои секогаш се модерни, но исто така изненадуваме со индивидуални, потренди парчиња. Ви ги претставуваме женските, машките и детските Том Тејлор плетени артикли. Дознајте повеќе за материјалите, кроевите, боите и не пропуштајте ги нашите совети како да ја вметнете трикотажата во различни модни изгледи.

Удобност и квалитет

Том Тејлор џемперите се направени од природни материјали како памук и волна, или од вештачки ткаенини како акрил и полиестер. Се грижиме за животната средина и затоа користиме рециклиран полиестер. Дознајте повеќе за нашата посветеност на одржливата мода на следниот линк.

Памукот е материјал кој и дозволува на кожата да дише. Ова е особено важно во зима, кога од ладниот воздух зачекоруваме во топла просторија, затоа што ни дава вистинско чувство на топлина, а не започнуваме да се потиме веднаш.

Кога станува збор за зимска облека, волната е најдобар избор затоа што го топли телото повеќе од било кој материјал. Некои типови волна, како мерино или кашмир, се поскапи и со повисок квалитет, што додава повисока цена на производот. Заради ова, при производство на трикотажа често се користи микс од различни видови волна.

Вештачките материјали како полиестер и акрил се за нијанса поевтини, но сепак топлат доволно и се добри за носење. Полиестерот често се користи во производство на постава за џемпери или кардигани, додека акрилот може да се нарече вештачка волна, затоа што изгледа така.

Разновидно парче мода: Плетен џемпер со кружен израз

Том Тејлор останува верен на класичните кроеви, што беше и нашиот водич при креирање на трикотажата за зимската колекција.

Да започнеме со плетена класика: плетен џемпер со кружен израз.

Плетениот џемпер со кружен израз е универзално модно парче во машката и женската гардероба, кое едноставно може да се вклопи во голем број модни комбинации. Можете да го носите самостојно, како слој врз кошула со околувратник, или пак да го надополните со долг плетен шал. Можете да го носите секој ден: на работа, дома или пак на забава.

Во понудата ќе пронајдете шарен избор на џемпери со кружен израз Можете да одберете помеѓу класични бои како црна, морнарско сина, бела и сива, нежни нијанси на беж, шармантно тиркизна и бургундска, како и живописна портокалова. Не занемарувајте ги специјалните детали, како што се методот на плетење, рабовите на ракавите и јаката, и извезената значка со нашето лого.

Постојано ги следиме модните трендови и за вас креиравме и навистина специјална трикотажа.

Женски џемпери

Дали постојано ви е ладно во зима? Малку потешки и подебели џемпери се вистинското решение. Затоа, во нашата понуда на женска трикотажа вклучивме подолги и пошироки плетени џемпери со повисока јака, со кои ќе ви биде пријатно топло. Покрај ова, ваквите џемпери моментално се многу ин.

Во пошироките кроеви, обликот на фигурата има тенденција да се изгуби, па важно е да ги комбинирате на точен начин. Балансирајте го долгиот, широк џемпер со тесни панталони, или пак комбинирајте пократка верзија со здолниште со пенкало-крој. Ваквите џемпери зафаќаат малку повеќе простор и може да се јави проблем доколку сакаме да носиме зимска јакна или капут. Во овој случај, одберете поголем број на јакна или капут.

Помеѓу женската трикотажа ќе пронајдете и женски плетени кардигани и женски плетени елеци, кои се одлични за слоевито облекување. Додадете плетен кардиган на секојдневниот изглед со маица и фармерки, или пак користете го за да ја комплетирате елегантната комбинација од блуза и здолниште. Можете да носите плетен елек врз кошула, а вистинските трендсетери ќе носат плетен елек врз фустан-кошула.

Машки џемпери

За машките џемпери со кружен израз, си поигравме со дезени и методи на плетење. Можете да одберете помеѓу џемпер со дезен со плетен јазол, различни џемпери со дезен со линии, или џемпер со зимски - новогодишен мотив.

За мажите, нема да згрешите доколку одберете ребраст плетен џемпер со висока јака и патент. Комбинирајте го со фармерки и плетен џемпер за на работа, или носете го како дел од лежерен изглед со спортски панталони.

Сакате спортски дуксери? Не пропуштајте ги плетените џемпери со јака како шал и врвки, кои на прв поглед наликуваат како спортски дуксер. Може да кажеме дека се нивна верзија која е за нијанса поформална.

Помеѓу машката трикотажа ќе пронајдете и машки плетени јакни. Плетените јакни може да се носат незакопчани, врз маица или поло маица, а доколку се закопчани се добра алтернатива на џемпер.

Детски џемпери

Децата се активни и љубопитни, па важно е детските џемпери да ги издржат сите детски активности. Се погриживме да пронајдете квалитетни детски џемпери во нашата понуда кои ќе бидат лесни за одржување и ќе може да се користат многу години. Поради нивниот сладок изглед, децата со сигурност ќе сакаат да ги носат.

Подготвивме разновидна палета детски џемпери за девојчиња и момчиња, со кружен израз. Вклучивме живописни бои, интересни принтови и дезени. Момчињата ќе бидат воодушевени од различните џемпери со диносауруси, додека девојчињата ќе бидат воодушевени од преслаткиот џемпер со карнери. Не заборавивме и на класичните плетени џемпери со линии.

Доколку функционалноста и удобноста при носење се на прво место за најмалите, трендовите доаѓаат до израз за тинејџерите. Кај џемперите за тинејџерките, во преден план го ставивме модерниот исечен крој.

Покрај другото, во понудата вклучивме и краток плетен џемпер, плетен џемпер со пократок крој и качулка и пократок "oversized" џемпер. Ставивме акцент на пастелна розева, нијанси на сино и бело.

Помеѓу џемперите за тинејџерите, се истакнуваат црниот плетен џемпер со џеб и црно - сивиот плетен џемпер со линии. Двата модели во комбинација со фармерки креираат “кул“ изглед. Вклучивме сива, морнарско сина, тиркизна и нијанси на кафена во палетата бои на џемпери за тинејџери. Вашите тинејџери сигурно ќе ги сакаат џемперите со различни натписи и качулки.

Трикотажата сѐ уште е во мода! Посетете ги Том Тејлор продавниците и погледнете го големиот избор џемпери и други плетени артикли. Сигурни сме дека ќе го пронајдете совршениот џемпер за вас и вашите сакани.

Доколку сакате да купувате по пониски цени, приклучете се на нашето Том Тејлор семејство и бидете во тек со сите тековни кампањи, новости и модни трендови.

Станете дел од Том Тејлор семејството.