Нова колекција
пролет 2022

Есенцијата на брендот Том Тејлор е опуштен животен стил. За нас, опуштеноста не е само начин на облекување, туку и длабоко вкоренет начин на размислување. Со потекло од Хамбург, град со многу потоци, реки и трето по големина пристаниште во Европа, нашиот главен мотив е водата. Водата е бесконечен извор на инспирација за нас, па така и главна инспирација за создавањето на новата колекција. Новата колекција Пролет 2022 носи различни нијанси на сино кои нѐ потсетуваат на вода и совршено се вклопуваат со нежни нијанси на земјени тонови како кафеава, беж, бела и сива. Нуди модерни парчиња кои се погодни за секојдневниот опшутен начин на живот и дефинитивно ќе ги освежат претстојните пролетни денови!

Женска колекција пролет 2022

Женската колекција ни носи дезен со линии кои се примарно присутни на џемпери, кардигани, кошули и маици. Модните парчиња со линии најдобро доаѓа до израз кога се комбинира со еднобојни панталони. Најдобар избор за секој ден се дефинитивно фармерките, кои се составен дел од нашата нова колекција. Покрај фармерките во различни кроеви и бои, оваа колекција нуди и поелегантни панталони со широки ногавици и висок струк, како и панталони во стил на тренерки. Сепак, наместо горен дел со линии, можете да се одлучите за модна комбинација со линии од глава до пети, поточно да изберете долг фустан со линии.

Дел од новата колекција се и модните парчиња со мал цветен дезен, кој е најчесто присутен на блузи и фустани. Ако не сте љубител на дезените, достапни се и еднобојни модни парчиња како подолги кошули, блузи, маици и дуксери. Помеѓу може да најдеме и по некој плетен артикл, а треба да го нагласиме плетениот елек, кој одлично се комбинира со класична бела кошула. Спортските ентузијасти не треба да го пропуштат спортскиот комплет со хеланки и топ, но доколку највеќе уживате во удобноста на тренерките, ве очекуваат комплети со истобоен горен и долен дел.

Пролетта е преоден период кога деновите стануваат малку потопли, а нашите зимски јакни полека почнуваат да се чуваат во плакарите. Новата колекција за оваа намена нуди широк асортиман на јакни во стил на кошула, потенки парка јакни и ватирани јакни. Не заборавивме ниту на аксесоарите, како чанти или ремени, со кои можете да го заокружите вашиот изглед.

Машка колекција пролет 2022

Модните парчиња од машката колекција најчесто се карактеризираат со нијанси на сина, зелена, сива и бела, а се издвојуваат некои парчиња во портокалова боја кои ја збогатуваат палетата на земјени тонови. Како и женската, така и машката колекција ни носи дезен со линии кој е најчесто присутен на џемперите и маичките. Доколку не ги сакате горните делови со линии, ќе можете да изберете еднобојни кошули, маици и џемпери. Наш предлог е да комбинирате џемпер или маичка со откопчана подебела кошула која можете да ја носите и наместо сако. Ваквите кошули се многу модерни во моментов и секако дел се од нашата нова колекција.

Интересна и малку поинаква модна комбинација може да биде и кошула над која носите плетен џемпер со јака со копчиња. Доколку сте љубител на едноставност и не се грижите за создавање модни комбинации, погледнете ја палетата на спортски дуксери.

Секако, не смееме да ги пропуштиме класичните фармерки. Новата колекција носи фармерки во сина, сива, бела и зелена нијанса, кои може да се носат и со превиткани ногавици. Кога станува збор за аксесоарите, не пропуштајте капа, која е незаменлив додаток за многу мажи.