Преодни јакни за есенските денови

Преодните јакни се задолжителни во есенската гардероба, бидејќи овозможуваат лесен преод од лето во есен. Тие штитат од дождот и ветерот и држат топло во ладните есенски утра и приквечерија. Тоа се модни парчиња што може да се носат во повеќе сезони.

Оваа година, есенската колекција нуди широк избор на јакни за различни вкусови. Ќе најдете класични Том Тејлор јакни, лесни јакни и елеци, модерни хибридни јакни, кожнени јакни, софтшел јакни и женствени капути. Темносина, црна, кафеава, беж и сива се доминантните бои, со малку портокалова, розева и светлосина боја за жени и жолта, црвена и маслинесто зелена боја за мажи.

Погледнете што подготвивме за вас!

Најдобрите јакни за променливо време

 

Најдобриот избор за врнежливите и ветровите есенски денови се ватирани јакни и хибридни јакни што се водоотпорни. Тие се направени од рециклиран полиестер и облога што дише, која овозможува добра инсолација и удобност при носење. Тие се одлична комбинација на функционалност и модерен изглед.

За жените имаме женски ватирани јакни во бела, тиркизна, темносина, портокалова и беж боја. Тие имаат качулка со врвки за менување на големината или висока јака, два предни џеба со патент и светли женствени детаљи. Исто така додадовме пократки женски хибридни јакни со висока јака и женски хибриден капут.

За мажите, имаме машки ватирани јакни и машки хибридни јакни во сина, маслинесто зелена, беж, коњак и црна боја. Хибридните јакни се слични како ватираните, но само во централниот дел имаат ватиран материјал. Имаат висока јака, два предни џеба со патент, додатен граден џеб со патент и детаљи како ознаки од Том Тејлор.

Машката софтшел јакна и женскиот мантил исто така нудат добра заштита.

Вечна класика: женски капут и машка кожнена јакна

 

Не можеме да ја замислиме женската гардероба без барем еден женски капут. Женскиот капут е разновидно парче мода што додава мала елеганција на најобичната модна комбинација.

Во оваа понуда ќе најдете:

  • Двограден капут,
  • Капут со појас за врзување,
  • Капут со висока јака,
  • Кариран капут,
  • Букле капут.

Букле капутот е направен од подебел, кружно ткаен волнен материјал, што често се користи за женски одела. Вклучивме букле капут со популарен кариран дезен, што ќе даде убав изглед на монохроматските модни комбинации.

Во преодниот период, машката кожна јакна е задолжителна во машката гардероба. Вклучивме црна и кафеава машка вештачка кожна јакна, што е вечна класика кога се комбинира со црни фармерки. Можете и да одберете кожна јакна со качулка.

Тренди јакни

 

Во тренд оваа есен е бомбер јакната. Во понудата вклучивме убава тиркизна машка бомбер јакна со ватиран изглед која не само што убаво изгледа, туку е и водоотпорна. Моделот јакна-кошула е популарен и оваа есен и изгледа како подебела кошула. Достапна е во разни комбинации на боја со кариран дезен. Може да се носи преку монохроматски плетен џемпер или монохроматски дуксер.

Меѓу женските јакни, кратката јакна со наметка (cape jacket) во сива и беж боја е популарна. Тоа е двоградна јакна со два странични џеба и ребраст материјал на ракавите и јаката.

 

Разновидни јакни без ракави

 

Сончевото есенско попладне може да биде топло и јакната нема да ви биде потребна. Одличен избор би била јакната без ракави! 

Кај машките јакни без ракави, има машки хибридни јакни без ракави и машки ватирани јакни без ракави во разни бои. Џебовите ги прават практични и може да се носат со спортски дуксер и фармерки.

Дамите ќе ги обожаваат долгите ватирани јакни без ракави со висока јака. Носете ја со плетени и елегантни панталони, или врз фустан. Внимавајте јакната без ракави да не е подолга од пределот на половината. За секојдневни и спортски комбинации, одберете блескава кратка јакна без ракави.

Одржлив избор

 

Преодните јакни на Том Тејлор се дел од нашата БИДИ ДЕЛ кампања, што значи дека се направени од одржливи материјали. Ова вклучува алтернативни материјали и иновативни техники за ракување со текстил што не ја оштетуваат околината во споредба со традиционалните материјали и процеси.

Нашите преодни јакни се направени од рециклиран полиестер, вклучувајќи специјални REPREVE® влакна што се извлечени од пластични шишиња. Материјалот што ги исполнува јакните  е направен од  3M™ Thinsulate™ синтетичка инсолација. Ова е иновативен материјал направен од рециклирана комбинација што е алтернатива за користење на пердуви. Тоа ја одржува топлината со тоа што ја затвора телесната топлина и ѝ дозволува на остатокот од влажноста да излезе. Направен е да ги имитира природните пердуви.

Поголемиот дел од нашите јакни се водоотпорни, благодарејќи на специјален материјален третман што се вика BIONIC-FINISH® ECO. Се основа на безфлуоронска формулација што овозможува боите на нашата облека да изгледаат како нови подолго и текстилот да се суши побрзо. Нашите јакни се водоотпорни и нема потреба да се перат.

Посетете ги нашите продавници за да ја погледнете големата понуда на преодни јакни на Том Тејлор. Комбинирајте ги со други модни парчиња од нашата есенска колекција за да креирате инспиративен изглед.