Нова летна колекција

Летото пристигнува, а со него и кратките ракави и полесната облека. Освежете ја вашата летна гардероба со модни парчиња од новата Том Тејлор летна колекција!

Женската колекција ќе ве воодушеви со убавите бои, различните текстури и женствени дезени. Ќе пронајдете маици, женствени блузи и фустани, лесни панталони и здолништа. Машката колекција инспирира со живописни бои и тропски дезени. Голем дел од машката понуда е посветен на кратките панталони, од кои со сигурност ќе ги пронајдете вашите фаворити.

Дадовме приоритет на лесните летни материјали како 100% памук, лен, вискоза, тенсел и шамбреј.
Креиравме парчиња кои ќе направат да ви е удобно во текот на долгото, топло лето. Погледнете што подготвивме за вас!

Летни трендови оваа година

Интересен тренд ова лето е "допирот од Дивиот Запад", кој носи крошет, рафија и велур. Следниот тренд е така наречениот тренд на "практична облека". Ова опфаќа облека која оригинално била наменета за специфична намена, морала да биде колку што е можно попрактична и да овозможи доволно простор за складирање. Во неа спаѓаат карго панталоните, кошула-фустаните, јакните и кошулите со џебови, комбинезоните и елеците.

Ви препорачуваме да инвестирате во бел или беж ленен блејзер и широки ленени панталони. Во лето, не може да ја заобиколиме белата боја, која оваа година ќе биде испреплетена со карнери и цветови.

Бои кои ќе доминираат: 

  • ЖИВОПИСНИ БОИ: Во првите редови ќе се најдат живописната портокалова (во нијанса на мандарина и кајсија) и бојата на цвеклото (Beetroot Purple). 
  • НИЈАНСИ НА ЗЕЛЕНА: минт, бојата на жалфијата (Sage Green) и на крес.
  • НИЈАНСИ НА РОЗЕВА: бојата именувана како Пустински Цвет (Dessert Flower).
  • ПАСТЕЛНИ БОИ: Не можеме да го замислиме летото без нежните пастелни нијанси, а оваа година особено популарна ќе биде бојата Пастелен јоргован (Pastel Lilac)
  • НЕУТРАЛНИ БОИ: можеби не се многу интересни, но се одлична основа за секоја гардероба. Не пропуштајте ја нежната нијанса на кафена (Печурка /Mushroom) и металик сребрената (Northern Droplet).

Том Тејлор се инспирира од некои од актуелните модни трендови и успешно ги вклопува со своите препознатливи класици.

Женска колекција

Женската летна колекција здружува три тематски различни колекции за да креира летна модна приказна. 

Инспирацијата за првата колекција е смиреноста на летната лагуна. Бојата која се истакнува е живописната розева, хармонично надополнета од нежна минт, нијанси на беж и женствени цветни дезени. Специјален сегмент беше посветен на елегантната "smart" облека, вклучувајќи деликатни цветни дезени и геометриски форми во бела или  морнарско сина боја. 

Во с'ржта на втората колекција се зајдисонцата, палмите, морето и плажата. Главните карактеристики се органските текстури и испреплетеноста помеѓу светлите и темните нијанси. Главната боја е зелено-сината боја наречена Teal, на која додадовме морнарско сина и виолетова, како и нежноста на белата и беж бојата. Палетата на бои беше зајакната со апстрактен цветен дезен. Нагласокот е ставен на лесни материјали како лен и муслин.

Третата колекција носи тропски акварел во елегантна комбинација на беж, црна и бела, помешани со нежно сина. Додадовме и виолетова, црна и кралско сина. 

Понуда на женската колекција

Да започнеме со горниот дел од облеката. Во понудата опфативме структурирани монохроматски маици со “V“ или “U“ отвор на деколтето, маици со поширок или потесен крој и со различни дезени (големи цветни мотиви, мали цветни дезени, морски мотиви),  маици со набран изглед и блузи без ракави. Користевме 100% памук или мешавина од различни материјали (памук, вискоза, еластин). 

Во понудата на женски блузи опфатени се структурирани монохроматски блузи со “V“ отвор на деколтето, блузи со дезени (геометриски дезен, абстрактен цветен дезен, палми), блузи со набран изглед, кошула блузи, тексас блузи и блузи без ракави. Совршениот избор за топлите летни денови се блузите со ленена мешавина. 

Женската гардероба не е целосна доколку во неа нема барем еден летен фустан. Имаме  женски фустани во различни кроеви, бои и со различни дезени, а ќе бидете воодушевени од цветниот фустан на преклоп и струкираниот темно син фустан со набори.

Асортиманот на женски панталони опфаќа:

  • Опуштени панталони со заострен крој на ногавиците,
  • Широкипанталони,
  • Culotte“ панталони со стуткан изглед и “culotte“ панталони од ленена мешавина,
  • Чино бермуди и
  • Летни фармерки (Алекса капри фармерки, Алекса бермуда фармерки, “culotte“ фармерки, Кејт скратени фармерки и Алекса скратени фармерки со ремен). 

За љубителите на здолништа, имаме плисирано миди здолниште со цветен дезен, здолниште со геометриски дезен, карго здолниште од ленена мешавина и тексас здолниште. Женската колекција е надополнета со комбинезони, кои се совршеното решеније кога не знаете дали да носите фустан или панталони. 

Машка колекција

Машката колекција исто така комбинира три тематски различни колекции. 

Првата колекција е инспирирана од концептот на сурфање, што овозможува свежа перспектива на морнарскиот стил на облека. Колекцијата вклучува модни парчиња со допир морнарска естетика, збогатени со Марокански нијанси на бои како портокалова, жолта и светло сина. Вклучува и многу риги како и дезени со повеќе и со две бои. 

Втората колекција црпи инспирација од смирената атмосфера на животот на одмор и нѐ поканува да се опуштиме под палмите. Доминантен дезен е листот од палма, додека главните бои се сонце-жолта, корално розева и смирената боја со нијанса на трева -  Meadow Teal. Колекцијата ја омекнуваат нежните беж нијанси кои поттикнуваат смирена атмосфера. Одбравме функционални летни ткаенини кои ќе овозможат леснотија и удобност.

Третата колекција го претставув совршениот крај на летната сезона, вклучувајќи динамични тропски дезени и живописни нијанси како сонце - жолта, фламинго црвена и Карипско сина. Живописните бои се надополнети со морнарско сини и бели елементи за допир елеганција. 

Понуда на женската колекција

Имаме одличен избор од машки 100% памучни маици со кратки ракави. Можете да одберете монохроматска маица, маица со голем дезен во средина (фото-принт, Том Тејлор лого, различни натписи), маица со дезен со тропски листови. За спортско-елегантен изглед, тука се и машките поло маици. Достапни се во различни бои и со детали на ракавите и јаката.

Кога станува збор за летните кошули, мора да се погрижиме да се направени од природни материјали кои овозможуваат циркулација на воздухот. Нашиот асортиман на машки кошули опфаќа кошули направени од 100% памук, шамбреј или мешавина од памук и лен. Имаме кошули со кратки и долги ракави во класични бои како светло и темно сина, беж, бела, сива и нежно розева. Некои од нив се надополнети со тропски дезени, линии или кариран дезен.

Машките шорцеви се синоним за комфорт и се прв летен избор на голем број мажи. Откријте ја понудата на машки шорцеви, каде ќе пронајдете: 

  • Џош тексас шорцеви и Морис тексас шорцеви со должина над коленото,
  • Чино кратки панталони (монохроматски или со мал дезен, со плетен ремен),
  • Pique“ чино шорцеви со тесен крој,
  • Карго шорцеви, и
  • Бермуда шорцеви за пливање.

Не пропуштајте ја специјалната капсулна колекција на машка ленена облека. Ленената ткаенина е позната по нејзината лесна текстура, продорноста на воздухот, доброто впивање на влажност и брзото сушење, овозможувајќи ладење и удобност при носењето. Имаме ленени маици, ленени кошули со кратки и долги ракави и ленени панталони со различни должини. Нашето омилено модно парле е ленениот блејзер кој ќе се погрижи за летна елеганција.