Нова есенска колекција

Есента уште малку ќе започне, носејќи нови почетоци и предизвици. Сеќавањата на преостанатите летни денови Том Тејлор сака да ги пренесе и задржи во текот на есента. БРАНОВИ И КРАЈБРЕЖЈА се централниот мотив на овогодинешната есенска колекција, затоа што тие ги будат најубавите летни спомени.

Инспирацијата ја најдовме во разиграноста на брановите, рефлектирани од прекрасните нијанси на сина боја и спокојството и чистотата на крајбрежјето, кое го рекреиравме со нијанси на беж, сива и бела, како и чисти, едноставни кроеви.

Заинтересирани сте што подготвивме за вас? Продолжете со читање!

Лежерно во комбинација со модните трендови

Том Тејлор креира лежерна, секојдневна облека и се фокусира на креирање на основни модни парчиња кои никогаш не излегуваат од мода. Сепак, континуирано ги следиме моменталните модни трендови кои нѐ водат во дизајнирањето на новите колекции. Некои од клучните трендови оваа есен ќе ги пронајдете во нашата нова колекција.

Клучната боја за претстојната сезона е црвена, која е привлечна и го привлекува вниманието, спротивно од типичните земјени нијанси на есента. Кога станува збор за дезените, карираниот е многу доминантен оваа сезона и е застапен на кошули, здолништа, панталони и јакни.

"Класичниот крој" повторно се враќа на сцена, со облека типична за деловната мода. Ова вклучува добро кроени јакни, панталони и здолништа, како и кошули. Генерално, основните модни парчиња кои едноставно може да се комбинираат едно со друго ќе бидат во преден план.

Нашата нова колекција е совршена комбинација од лежерна мода и актуелните модни трендови, со елементи кои нѐ потсетуваат на лето.

Трикотажа за посвежите есенски денови

Есента често нѐ изненадува со посвежи температури, па токму затоа трикотажата е задолжителна за вашата есенска гардероба. Ќе пронајдете квалитетни плетени артикли за неа и за него кои ќе ве топлат во дождливите есенски денови. 

Да започнеме со монохроматските машки плетени џемпери. Овие тенки џемпери се достапни во голем избор нијанси на сина боја, како и во сива, црна, беж и црвена боја. Може да ги носите со кошула под нив. Добар избор ќе биде плетен машки џемпер со јака која се закопчува со патент. Ова модно парче, во комбинација со фармерки, претставува вечна модна класика. Помеѓу машките плетени артикли исто така ќе пронајдете и ролки и плетени кардигани со патент.

Во понудата на женска трикотажа доминираат потенките монохроматски и џемперите на риги, како и подебелите џемпери со опуштен крој. Додадовме и удобни и разнолики женски плетени кардигани за да ги зачиниме едноставните комбинации од монохроматски маици и фармерки. Овие модни парчиња се исклучително практични при слоевитото облекување, затоа што се едноставни за облекување и соблекување, во согласност со надворешните температури. Доколку го носите кардиганот откопчан, ќе направи да изгледате послаби.

Не пропуштајте ги плетените женски фустани кои со малку труд, ќе креираат софистициран изглед.

Кариран дезен

Овогодинешната есенска колекција вклучува кариран дезен. Во понудата вклучивме карирани машки кошули во различни комбинации на бои, карирани женски блузи и карирани женски панталони. Карираниот дезен исто така е застапен и на фустаните и женските капути.

Букле здолништето со кариран дезен е убав додаток во женската гардероба, особено во комбинација со џемпер - ролка. Карираната кошула од подебел материјал, која се носи врз маица, е задолжително парче во машката есенска гардероба кое може да се носи наместо јакна.

Доколку не сакате кариран дезен на вашата облека, може да изберете кариран волнен шал.

Спортски и удобно

Потоплите есенски денови се идеални за прошетки низ шумите и градските улици кои ќе бидат обоени во прекрасните бои на есента. Доколку носите удобна облека, ова доживување е уште поубаво. Подготвивме многу спортски артикли кои ќе ви овозможат удобност во било кој период од денот.

На мажите ќе им се допадне изборот на дуксери достапни во монохроматски верзии, или со отпечатено Том Тејлор лого. Додадете пар фармерки со опуштен крој и комплетирајте го изгледот со бомбер јакна. Бомбер јакната е најактуелниот тренд оваа есен.

Дел од женските спортски парчиња се и џемперите со дезен со линии и Том Тејлор лого, пократките џемпери со принт, како и дуксерите. Комбинирајте ги со карго панталони или фармерки со опуштен крој. Додадете долг, ватиран елек со качулка.

За да бидете соодветно подготвени за променливото есенско време, тука се Том Тејлор преодните јакни. Имаме голем избор на функционални јакни кои ќе ве заштитат од дождот и ветерот, како и тренди јакни и капути за најголемите модни ентузијасти.

Назад на работа

Почетокот на есента значи крај на летниот одмор и враќање на работните обврски за голем дел од нас. Затоа, вклучивме и соодветна облека за на работа во нашата есенска колекција.

Дами, ќе ви се допаднат елегантните панталони со широки ногавици. Комбинирајте ги со кошула вметната во панталоните и додадете ремен. За додатна женственост, панталоните комбинирајте ги со цветна блуза, а за пософистициран изглед, додадете блејзер во иста боја.

Доколку не знаете што да облечете, женските фустани се одличен избор. Не пропуштајте ги убавите дезенирани мини фустани кои одлично одговараат со монохроматски волнен капут.

За мажите, имаме одличен избор на оксфорд кошули во нијанси на сина и сива. Комбинирајте ги со чино панталони во морнарско сина, беж или црна боја и додадете ремен. За софистициран изглед, додадете блејзер во истата боја како чино панталоните. Доколку целите кон порелаксиран изглед, наместо кошула, одберете ролка или поло маица со долги ракави.

Одржлива мода

Том Тејлор е посветен на одржлива мода, воден од нашиот БИДИ ДЕЛ менталитет. Ова вклучува избор на одржливи материјали, користење на производствени процеси кои се пријателски настроени кон животната средина, како и етички работни принципи.

Облеката од нашата есенска колекција е направена од еко-пријателски материјали како органски памук, органска вискоза и рециклиран полиестер. Тексас материјалот е третиран со процеси кои користат значително помалку вода во споредба со конвенционалните процеси.

БИДЕТЕ ДЕЛ од одржливата мода и одберете Том Тејлор облека! Откријте ја есенската колекција која веќе ве очекува во Том Тејлор продавниците.