Најдобрите летни модни парчиња за целото семејство

Летото е време за уживање во сонцето, социјализација и безгрижни прошетки во природа. За сето ова потребна ви е вистинската гардероба. 

Но, дали знаете како да ги изберете совршените летни модни парчиња?

Со помош на нашиот мини водич, целото семејство ќе биде облечено од глава до пети и спремно да ужива во природа!

Кои материјали да ги одберете за лето?

Летната облека најдобро да биде направена од природни материјали, како:
• Памук,
• Лен,
• Вискоза,
• Мешавина од памук и само неколку проценти полиестер.

Памукот е идеалната удобна летна ткаенина. Соодветна е за блузи, панталони, кошули, здолништа и фустани. Ладна е и пријатна на допир и ѝ овозможува на кожата да дише едноставно.

Вискозата е направена од дрво (струготини), кои се процесирани во влакна преку неколку процеси. Летните фустани од вискоза се прозрачни, не се гужваат, едноставни се за пеглање и убаво се перат. 

Полиестерот е малку понесоодветен материјал за летните фустани. Облеката од полиестер креира чувство на топлина во лето и прави да се потиме многу брзо. Затоа, ткаенините од полиестер за кратко време развиваат непријатен мирис.

Затоа, чувствувајте се добро во топлите летни денови со избор на облека направена од лесни, природни материјали.

Кој крој е соодветен за летна облека?


Летната облека треба да биде прозрачна и нејзиниот крој треба да е опуштен и широк. Ова важи за блузи, кошули и маици, како и за панталони и фустани. Опуштениот крој создава чувство на свежина и не ве попречува кога уживате во активностите надвор.

Маиците или панталоните кои се премногу тесни ќе ја компресираат вашата кожа и ќе направат да ви е уште потопло. Удобните, лесни и пошироки кроеви се исто така соодветни и за мали деца кои се често многу активни за време на летните денови.

Дополнително, облеката со широк крој стана многу модерна повторно во изминатите сезони, па ќе се чувствувате удобно и тренди истовремено. 

 

 

Кои се најдобрите летни бои?


Кралица на летните бои е дефинитивно белата. Облеката во бела боја едноставно се комбинира, затоа што бела боја одговара апсолутно со сите бои и дезени, дури и оние кои се понагласени. Исто така, рефлектира светлина и дава чувство на леснотија.

Во летните денови, исто така сме возбудени за цела палета пастелни и песочни бои. 

Предноста на светлите бои е тоа што тие абсорбираат помалку сончева светлина, па светлите алишта се поладни од темните.

Како да се облечете за на работа во лето?

Добар летен моден изглед за на работа е комбинацијата на блуза и широки панталони во иста боја. Најдобар избор обувки се удобни сандали, стилски патики или чевли кои се навлекуваат.

Предноста на Том Тејлор колекцијата е што може да носите голем број од летните комбинации за на работа и за други пригоди. 

Нашите фустани со подолги ракави во бакарна нијанса боја се совршени за работа, прошетка низ градот или вечерна прошетка. Со својата елегантност се совршени и вечерно излегување. Фустанот е декориран со убаво, но не предлабоко деколте во “V“ израз и појас кој ја нагласува вашата фигура.

За мажите на кои не им е потребен класичен костум за на работа, може да одберете долги панталони во бела, крем или беж боја и класична поло маица. Навистина не можете да згрешите со оваа комбинација.

Елегантните кошули со јака и закопчување со копчиња се одличен избор и за на работа и за слободното време. Природните материјали ги прават уште попопуларни затоа што со нив не е топло.

Деталите како ленти или рабовите на ракавот кај манжетните ги прават уште помодерни.

Како да се облечете за да ги завршите секојдневните обврски?


Секојдневните обврски како шопинг, посета на фризер или банка, побрзо се завршуваат доколку се чувствувате удобно и лесно.

Монохроматските маици или маиците со дезен со линии за мажи или жени се секогаш добредојдени во сечија летна гардероба.Може да се носат со различни панталони и исто така и да се комбинираат со јакна или кошула. Вашиот изглед вака веднаш ќе стане соодветен за било каква обврска или пригода. 

Друга класична комбинација се женските кратки панталони и блузи во иста боја, кои на прв поглед даваат изглед на комбинезон. Кратките панталони може да ги комбинирате и со други кошули или блузи.

Машките кратки панталони кои досегаат речиси до коленото се екстремно модерни и може да се носат скоро во секоја пригода. Може да се носат со патики или чевли на навлекување.

 

 

Летна облека соодветна за пешачење


Удобност, удобност и повторно - удобност. Ова треба да е правилото за летната облека и обувки кои ги одбирате за прошетка. Широки горни делови, здолништа или панталони се идеални за прошетки низ градот, во паркот, во природа или пак покрај обалата.

Слично, машките кратки панталони во комбинација со поло маица или широка кошула се одличен избор за прошеки. Доколку помладите членови на семејството ви се приклучат, треба исто така да носат удобна облека. Детските кратки панталони и удобна маица ќе ја направат прошетката попријатна за децата.

Летна облека за дружење во природа


Дружењето во природа побарува облека која е удобна и исто така соодветна за спортски активности. Кратките панталони и маици се најдобриот избор и можете да ги комбинирате во вашите омилени бои.  

Во понудата на Том Тејлор ќе пронајдете женски кратки панталони и блузи со исти бои и материјали. Доколку не сакате да носите кратки панталони, ви препорачуваме за нијанса пошироки панталони или фармерки.

 

Вечерно дружење


Дали знаете дека голем дел од летната облека која ја носите на работа е исто така соодветна и за вечерно дружење покрај обалата, коктел-забава или вечера? Често, потребно е само да ги замените обувките или пак да додадете моден детал за да направите трансформација - од деловен изглед до кралица на вечерта. 

За поелегантен изглед, облечете блуза со широки панталони или здолниште. За жени, лесните фустани во пастелни нијанси се исто така одличен избор. Со оглед на тоа дека вечерите се поладни, не заборавајте ја јакната за жени и блејзерот за мажи. 

Одржлива мода

Нашите модни парчиња не се само за една сезона, целиме да ги направиме носиви и во годините кои престојат. Направени се од природни материјали - органски памук, органска вискоза, волна или комбинација од различни материјали. Поголемиот дел од времето, за да се направи облеката се користат рециклирани влакна, вклучувајќи рециклиран полиестер.

Нашата главна одржлива модна колекција е наречена БИДИ ДЕЛ и ги нагласува четирите еко-пријателски иницијативи:

БИДИ ЗА ПОМАЛКУ; производи направени од органски памук, со што се употребува значително помалку вода и енергија при производство;
БИДИ ЗА ПОДОБРО; облека направена од рециклиран полиестер (направен од употребени пластични шишиња), органска вискоза (направена од дрво, но со многу мала потрошувачка на вода и минимални емисии) и органски памук;
• БИДИ ЗА ФЕР; сите деловни партнери имаат задача да се погрижат за безбедна и фер работна средина и фер плата за нивните вработени;
• БИДИ ЗА ПОВЕЌЕ; ја нагласуваме подобрата иднина преку купување на одржлива облека. Се залагаме за одговорна употреба на природните ресурси и производство со минимум отпад. 

Дозволете нашата облека да ги осветли вашите денови на сонце, вашите секојдневни задачи и вечерните прошетки оваа сезона, како и во сезоните кои допрва доаѓаат. Во нив се чувствувате полни со самодоверба, модерно и удобно!