Модни совети за секоја фигура

Најверојатно на секој од нас ни се случило навистина да ни се допаѓа некоја модна комбинација, но спеак да не ни прилега воопшто и да го нагласува она што сакаме да го прикриеме. Во ваков случај често сме нерасположени и цврсто убедени дека нешто не е во ред со нашето тело. Ве уверуваме дека секој, без разлика на своите “недостатоци“, може да пронајде модни парчиња во кои ќе изгледа совршено. Тајната е во тоа добро да ги познаваме нашето тело и облик. Со избор на облека која е соодветна за нашиот тип на тело, ги нагласуваме нашите атрибути и визуелно го прикриваме она што не ни е најомилено. За вас подготвивме совети кои ќе ви помогнат да откриете каков тип на телесна фигура имате и како да се облечете соодветно.

ДОЗНАЈТЕ КАКОВ ТИП НА ТЕЛО ИМАТЕ

ЧЕКОР 1: Измерете се
Не пробувајте да го дефинирате типот на фигура кој го имате со гледање во огледало, затоа што на овој начин често се случува да се згреши. Најсигурниот начин е да земете шивачко метро во раце и да земете мерки од:

  • РАМЕЊА: Мерете на највисокиот дел од рамењата, во пределог над лопатките каде што рамењата се најшироки.
  • ГРАДИ: Мерете во пределот каде вашите гради се најбујни.
  • СТРУК: Барајте го најтесниот дел, најчесто над папокот.
  • КОЛКОВИ: Како и со рамењата и градниот кош, и тука најдете го најисполнетиот дел. Мериме под карличната коска, околу колковите и задникот.

ЧЕКОР 2: Дознајте каков вид на фигура имате
Дознајте кој дел од вашето тело е најдоминантен, а соодносот помеѓу мерките кои ги забележавте ќе ви го открие видот на фигура кој го имате. Во зависност од обликот, разликуваме неколку фигури:

  • јаболко,
  • круша,
  • правоаголник,
  • песочен часовник,
  • превртен триаголник.
ЧЕКОР 3: Откријте кои модни парчиња се вистинските за вашиот облик на тело

МОДНИ СОВЕТИ ЗА ВАШАТА ФИГУРА

ЈАБОЛКО

Исто така наречена и заоблена фигура. Жените со вакви облини имаат позаоблен горен дел на телото во споредба со нозете, пополн дел во пределот на абдоменот, големи гради и ненагласен струк.

Тие треба да го нагласат својот најдобар дел - најчесто градниот кош и нозете - и да го оттргнат фокусот од централниот дел на телото. Кога станува збор за маици со кратки ракави и горни делови облека, барајте кроеви кои убаво ги нагласуваат рамењата и градниот кош  (“V"-израз, пошироки ракави под пазувите, ракави со волумен).

Блејзери со подолга ревер-јака, кои визуелно го издолжуваат торзото и подолги елеци и кардигани многу прилегаат на овој облик на тело. Заоблениот горен дел на телото ќе биде фино избалансиран со фармерки со прав крој или фармерки со ѕвонаст крој. Женските панталони со висок струк и многу широките панталони се исто така одличен избор. На фигура во облик на јаболко исто така и прилегаат и здолништа во А-крој и женски фустани кои го привлекуваат вниманието кон рамењата и нозете, а се припиени на половината.

КРУША
Жените кои ја поседуваат оваа фигура имаат тесни рамења, тенок струк и во споредба со нив - пошироки и позаоблени колкови и бутови. За нив од суштинска важност е визуелно да го зголемат нивното торзо со одбирање на вистинските алишта и на овој начин да го избалансираат обликот на своето тело. За горните делови, треба да одбираат светли бои, дезени и шари, а рамењата да ги нагласат со хоризонтален отвор за вратот.

Најдобар дезен за визуелно зголемување на торзото, сепак, се хоризонталните линии. Пократките јакни, блејзерите со должина до струк и подолгите капути, особено оние со појас, се исто така соодветни. Кога станува збор за панталони, целете кон фармерки со прав крој, затоа што не ги стегаат колковите, или пак одберете од различните модели фармерки со ѕвонаст облик, кои креираат рамнотежа со пошироките колкови. Женските панталони со висок струк се исто така одлични, нагласувајќи ја природно тенката половина.

За долниот дел, советуваме да одберете темни бои, како црна и морнарско сина. Доколку се одлучите за женски фустан, најдобриот избор ќе биде фустан со А-крој, затоа што се стеснува кај струкот и го нагласува, додека долниот дел слободно “паѓа“ врз колковите.

ПРАВОАГОЛНИК
Рамна, атлетска фигура, без облини, каде димензиите на рамењата, градниот кош и колковите се прилично униформни, додека струкот не е дефиниран. Предноста на жените со оваа градба е тоа што можат да одберат во кој предел сакаат да креираат облини и уште поважно, да креираат илузија на струк.

Доколку сакаат да го нагласат горниот дел, треба да одберат маици со кратки ракави и горни делови со отворен или “V“ израз и балон-ракави, ѕвонести или пак раглан ракави кои додаваат волумент. Кога се креира волумен и облини на горниот дел од телото, треба да балансираме со избор на потесен долен дел. Најдобра опција се темни, тесни фармерки со висок струк, кои визуелно ги издолжуваат нозете, како и фармерки со прав крој.

Неопходен моден додаток за овој облик на тело се ремените кои помагаат да се креира силуета. Во овој случај, мантилот е одличен избор, затоа што се врзува на половината и помага за добивање на облик на фигурата. Пократките струкирани јакни и елеци исто така прилегаат на оваа фигура. За да се креира ефект на облини во долниот дел на телото, препорачуваме панталони со висок струк и широки ногавици и панталони со ѕвонаст облик. Дополнително, речиси сите кроеви женски фустани прилегаат на правоаголниот облик на тело, додека женските фустани со ремен се најдобар избор.

ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК
Се смета за “најидеална“ женска фигура. Се карактеризира со симетрична ширина на рамењата и колковите и јасно дефиниран струк. Градите се најчесто поголеми, додека колковите и задникот позаоблени. Жените со ваков облик на тело не треба да се плашат да ги нагласат своите облини и својот тесен струк. Им прилегаат кошули, кошули-блузи и горни делови кои се врзуваат на половината, како и маици со кратки ракави со “V“ израз кои го привлекуваат вниманието кон средишниот дел.

Со избор на правилната јакна или блејзер, може да го акцентираат својот тесен струк, облини или пак нозе. Пократок блејзер кој завршува токму над колковите ќе го нагласи долниот дел од телото, додека долг капут со ремен ќе привлече внимание на тесниот струк и ќе креира илузија на долги нозе. Овие дами треба да одберат панталони со висок струк, но заради поизразените колкови и бутови, треба да се погрижат панталоните да не се премногу тесни.

Панталони со широк крој и широки ногавици или фармерки со ѕвонаст облик кои балансираат со пошироките колкови и бутови ќе прилегаат одлично. Фигурата на песочен часовник одговара со “пенкало“ здолниште, а најдобар фустан е оној кој прилега припиено во пределот на струкот, додека “паѓа“ опуштено врз колковите.  Во спротивно, облините и тесниот струк ќе дојдат до израз во долг тесен фустан.

ПРЕВРТЕН ТРИАГОЛНИК
Рамењата се најширокиот дел од телото, градниот кош е поголем, а колковите и струкот се прилично тесни во споредба со нив. Вниманието треба да се оттргне од рамењата, нагласувајќи ја линијата на струкот и долниот дел од телото. Маиците со кратки ракави и горните делови облека треба да бидат едноставни и еднобојни, до “U“ или “V“ отвор. Жените со оваа фигура треба да одберат поикратки јакни и кардигани, со должина до струк, кои визуелно ќе го ослободат горниот дел и ќе го насочат вниманието кон струкот.

Сличен ефект може да се постигне со подолг блејзер со ремен или подолг елек со ремен кој ќе креира облик на песочен часовник. За овој тип на телесна градба, најважно е да се креира волумен во долниот дел на телото. Идеално за ова се скратените панталони, момчешките фармерки кои креираат облини во пределот на колковите, како и оние панталони со тесен струк и многу долги, широки ногавици.

Живите бои, дезени и шари може да бидат од голема помош во насочување на вниманието кон долниот дел на телото. Фармерките со прав или ѕвонаст крој се одлични за балансирање на целосната фигура. Обликот на превртен триаголник убаво е избалансиран со здолниште со А-крој, како и подолго, плизирано здолниште.

Генерално, при избор на вистинските модни парчиња може да креирате баланс помеѓу рамењата, градниот кош, струкот и колковите. Дезените кои помагаат за креирање на изглед на облини или го нагласуваат и привлекуваат вниманието на нашите омилени делови од телото ни помагаат со ова. Исто така, многу може да се направи и со одбирање на вистинските бои - светлите нијанси привлекуваат внимание, додека темните, како црна и морнарско сина го одвлекуваат вниманието од оние делови на телото кои не ни се допаѓаат.

И НАЈВАЖНО - Самодобербата и добросостојбата се клучни!

За крај, да нагласиме дека секое тело е уникатно и прекрасно и не треба да го менувате за да се почувствувате подобро во своите алишта. Единствено што е важно е тоа што го знаете обликот на своето тело. Том Тејлор е исто така свесен за ова, па затоа во нашите продавници ќе пронајдете производи кои ќе ви прилегаат без разлика на вашата фигура.

Сега кога веќе знаете каков тип на тело имате и кои алишта ви прилегаат подобро, шопингот дефинитивно ќе стане полесе, а креирањето модни комбинации ќе биде вистинско задоволство.