Време е за фустани!

Женската гардероба не е целосна доколку во неа нема најмалку еден фустан. Ова со сигурност  е најженственото модно парче кое секогаш изгледа убаво. Најчесто, фустанот е прв избор за формални настани, но е многу корисен и во секојдневието. Жените ги обожаваат летните фустани бидејќи се лесни и даваат слобода на движење. Ако додадат топол кардиган и хеланки, можат да ја носат омилената модна комбинација и во поладните денови. Бидејќи сите заслужуваат да го најдат фустанот од соништата, Том Тејлор спреми широка понуда на женски фустани. Дали сте заинтересирани?

ТОМ ТЕЈЛОР ЛЕТНИ ФУСТАНИ

Том Тејлор често внесува различни видови фустани во своите колекции, а подоле ви претставуваме неколку фустани од нашата летна колекција.



ФУСТАН НА ПРЕКЛОПУВАЊЕ или "wrap dress"

Неговата главна карактеристика е дека добро изгледа на сите облици на тела. Одговара на жени со облини, како и на жени со ситна фигура. Бидејќи материјалот го обвива телото во средишниот предел, помага при креирање на фигура на песочен часовник, го нагласува струкот и нѐ прави послаби. Доколку фустанот има деколте со “V“ израз, убаво го нагласува градниот кош и внесува баланс кај поизразените колкови. 

ФУСТАН - КОШУЛА

Со крој како кошула, има јака и копчиња од предната страна. Најчесто ваков фустан се врзува на струкот, што е одлично за за краирање на фигура на песочен часовник. Ова е особено корисно за жените со рамна и атлетска фигура, како и жените кои немаат нагласен струк. Фустан - кошулата од нашата понуда има дезен со вертикални линии, што помага визуелно да се издолжи фигурата.

МИДИ ФУСТАН  


Миди фустанот завршува во пределот помеѓу два сантиметри под коленото и малку над глуждот, обично каде што започнуваат листовите. Оваа должина не е адекватна за пониски жени  и жени со поизразени колкови. Миди фустаните се најдобри за повисоки жени. Нашата понуда вклучува миди фустани со цветен дезен.



НАМЕТКА-ФУСТАН


Изгледа раширено и разлабавено “паѓа“ по телото. Може да има фалти во пределот на струкот, и набори на долниот дел. Бидејќи е лесен, удобен е за носење. Во нашата понуда, можете да најдете наметка-фустани со кратки и долги ракави, до колено и ""хенли"" или ""V"" израз. Можете да одберете мохроматски фустани во нијанси на зелена, беж и сина или да одберете со цветен дезен и линии. Направени се од вискоза, која е многу мек и мазен материјал што убаво ""паѓа“ врз телото. Потенките вискозни материјали се поладни и затоа се најсоодветни за носење во летниот период.

Погледнете ја понудата во нашата онлајн продавница или посетете ги Том Тејлор продавниците, каде сигурно ќе го најдете вашиот омилен летен фустан.