Oсвежете ја вашата зимска гардероба

Јануари е месецот во кој веќе зачекоривме во студените зимски денови. За да можеме да ги издржиме ниските температури, потребно е да облечеме неколку слоеви облека, а топлите јакни и меките џемпери се нашиот прв избор. Изборот на вистинската јакна или џемпер е често размислена набавка, со оглед на тоа дека ова парче облека ќе биде дел од нашиот гардеробер повеќе години. Дали сте за разигрување на вашите модни комбинации оваа зима? Том Тејлор може да ви помогне со ова! Во нашите продавници ќе пронајдете широк избор на јакни и џемпери за мажи и жени. А дополнително, сите арикли од колекцијата Есен-Зима се намалени на половина цена. Уште една причина повеќе да ја освежите својата зимска гардероба, зар не?

Да започнеме со џемпери. Драги дами, доколку можеби сте порезервирани, класичните еднобојни џемпери ќе бидат вистинскиот избор за вас. Достапни се во различни бои, од розова, сина, жолта, па сѐ до бела, сива и црна. Воедно, можете да одберете и други модели, како на пример ролка во кафена или маслинеста боја, или пак да се одлучите за џемпер со “V“ израз. Наместо џемпер, за зимските денови вистински избор е и долгиот плетен кардиган. Сепак, кога излегувате надвор од домот, не заборавајте со вас да ја понесете вашата јакна. Пократките и подолгите ватирани јакни достапни во нашите продавници, со сигурност ќе ве стоплат.

Машката колекција исто така нуди голем избор на спортски и плетени џемпери. Доколку сте љубител на класиката, одлучете се за еднобоен џемпер со јака во форма на “U“ или “V“. Маиците со кратки ракави со нашето Том Тејлор лого се секогаш многу популарни. А пак храбрите мажи кои сакаат да бидат забележани одбираат џемпер со интересен дезен или пак со блокови различни бои. Надополнете ги класичните џемпери и јакните со закопчување со патент, исто така достапни во нашите продавници, со интересни кошули.  На овој начин ќе додадете малку боја и свежина во зимската модна комбинација. За да го комплетирате изгледот, истражете ја нашата понуда на јакни, каде ќе пронајдете голем избор на кратки и долги ватирани јакни со качулка, парки и капути.