Mine to five

Секојдневната рутина на модерната жена опфаќа многу повеќе од осум часа канцелариска работа. Исполнета е со голем број најразлични задачи, одговорности и последно, но не и помалку важно, забава. Денешната жена сака да е успешен претприемач, но истовремено се стреми кон активен семеен живот и време за пријателите. Ова значи дека потребна и е облека која ќе и помогне да го одржи балансот помеѓу времето поминато со семејството и работата. Затоа преку модната колекција “Mine to Five“ креиравме моден стил со кој таа ќе може да се справи со предизвиците на работа, истовремено чувствувајќи се добро во рамки на својот приватен живот.