Како да го одберете совршениот
новогодишен фустан?

Се ближи најдолгата ноќ во годината, а се ближат и другите декемвриски забави и дружења. Доколку не сте сигурни кој е најдобриот фустан за ваквите пригоди, составивме неколку совети за избор на совршен женски фустан за декемвриските настани. 

Еве неколку насоки што треба да се следат: 
 - Одберете фустан што ќе можете да го носите повеќе пати: парчињата кои се носат само еднаш, не се пријателски настроени кон вашиот паричник или околината. Побарајте фустан што можете да го носите и за други поважни или поформални настани.
- Одберете фустан што ќе можете да го комбинирате и да го усогласите со парчиња што веќе ги имате. 
- Дополнете го вашиот изглед: накит, чанти, капи и други модни додатоци ќе го нагласат вашиот карактер и ќе направат да блеснете.

Земете ги предвид временските услови 

Веројатно не би сакале да влезете во новата година настинати, нели?

Декември се смета за ладен месец, па затоа е важно соодветно да ја изберете облеката. Ако ја поминувате ноќта надвор, одберете долг плетен фустан. Ќе ве заштити од студот, а сепак ќе биде доволно елегантен избор. Не заборавајте да додадете хулахопки или хеланки. 

Ако планирате само дел од вечерта да поминете на отворено, а другиот дел во затворен простор, вашата облека треба да се состои од неколку слоеви. Спојте го фустанот со јакна или кардиган, за да ја заокружите вашата модна комбинација и да се заштитите од студот.

Не заборавајте да носите соодветни обувки. Ако планирате да бидете на отворено, изберете топли и водоотпорни обувки кои ќе ги заштитат вашите стапала од студ, дожд, снег и други временски услови.

Ако пак планирате да ја поминете вечерта во затворен простор, имате малку повеќе избор кога станува збор за вашата облека. За најдолгата ноќ во годината, одлучете се за нешто светкаво. Изберете фустан со светки и самоуверено облечете високи потпетици. Имајте топли чевли со вас во случај да треба да излезете надвор. 

Што е со деловната новогодишна забава? 

Кој не сака новогодишна забава од работа? Тоа е одлична можност да ги запознаете вашите колеги и шефови од една поинаква перспектива, а исто така, можност за тие вас да ве запознаат подобро. Ако сте добро облечени на деловната забава, ќе покажете почит кон колегите и вашето работно место.

Соодветен избор за деловните забави се подолгите фустани кои се елегантни и професионални. Можете да одберете и пократок фустан, на кој можете да додадете доза на професионализам со класичен црн блејзер. Изгледот надополнете го со мала чанта и високи потпетици.

Можете да одберете живописни бои кои го изразуваат вашиот карактер (црвената и зелената се особено популарни во периодот околу Новата година и Божиќ). Ако не сакате премногу да се истакнувате, облечете се во понеутрални бои како сива, беж или црна. Ако сакате опција помеѓу, изберете неутрална облека и комбинирајте ја со модни додатоци во живописни бои.

Совршениот фустан за семејна прослава 

Празниците се уште помагични кога се поминуваат со семејството. Можеби ќе ја поминете новогодишната ноќ со вашето блиско семејство, но можеби ќе имате шанса и да танцувате со поширокото семејство. 

Семејните забави се оние кои се најопуштени, мирни и најпријатни. Сигурни сме дека ќе си поминете одлично на ваква забава, со добра модна комбинација како врвот на доживувањето! 

Најдобар фустан за семејна забава е оној кој не е премногу разоткриен и истовремено е топол и удобен. Наш предлог е плетен фустан во кој ќе се чувстувате удобно во текот на целата вечер. Изберете бои и дезени кои прават да се чувствувате добро и се додаток на вашата опуштена атмосфера.

Одите на забава во градот? 

Дали со нетрпение очекувате преполни улици, возбудливи настани и одбројување со многу луѓе? Новогодишната ноќ во градот може да биде незаборавна, но за забавите на отворено уште поважно е да се облечете соодветно на временските услови. 

Носете долг плетен фустан со јака за да се стоплите од глава до пети, а исто така, џемпер со здолниште може да биде одличен избор. Носете топли хеланки или хулахопки и соодветни зимски чизми. Не заборавајте долга пуфер јакна или топло волнено палто.

За оние на кои секогаш им студи, топлите зимски модни додатоци како плетени капи, шалови и ракавици ќе бидат неопходни. Долгата марама е особено практична и може да послужи и како наметка или ќебе.

Том Тејлор нуди женски фустани за сечиј вкус

Без разлика каде ќе одите на забава или кон каков изглед тежнеете, женските фустани на Том Тејлор се вистинскиот избор. Погледнете го остатокот од нашата колекција женска облека, вклучувајќи јакни и трикотажа, како и модните додатоци што ви се потребни за незаборавен декември.

Откријте ја целосната понуда во нашите  продавници. Со помош на нашите пријателски асистенти за продажба, сигурно ќе најдете фустан во кој навистина ќе блеснете.