БИДИ ДЕЛ од помалку

БИДИ ДЕЛ од ПООДРЖЛИВА МОДА. НИЕ СМЕ ДЕЛ од новата доба на модната индустрија која е свесна за своето влијание врз средината. Сакаме промена. Свесни сме за нашата одговорност кон општеството и средината. Се стремиме да ја трансформираме нашата понуда и индиректно, модната индустрија. Сакаме да работиме со вас за да го направиме нашиот отпечаток попријателски кон средината, па затоа оваа година ви претставуваме четири поеколошки иницијативи кои ги следиме при дизајнирање на нашите модни колекции: БИДИ ДЕЛ ОД ПОМАЛКУ, БИДИ ДЕЛ ОД ПОДОБРО, БИДИ ДЕЛ ОД ФЕР и БИДИ ДЕЛ ОД ПОВЕЌЕ. За почеток, ви ја претставуваме колекцијата “БИДИ ДЕЛ ОД ПОМАЛКУ“.

Вистинскиот деним е направен од памук, а за производство на памук за еден пар фармерки потребни се 1.500 литри вода. Производите од колекцијата “БИДИ ДЕЛ ОД ПОМАЛКУ“ се направени од поодржлива памучна алтернатива, од органски памук. Интегрираното производство користи 88% помалку вода и 62% помалку енергија во споредба со производството на фармерки со стандарден памук.

 

Дали знаете дека илјадници галони вода се користат за да се добие вистинската сина деним нијанса? Се погриживме и за ова! Користиме техника во чии рамки 98% од водата се употребува повторно. Голема количина вода, поточно 125 литри, исто така се користи и при креирање на ефектот на “износеност“ на фармерките. Во ова поле исто така се погриживме да сме попријателски настроени кон животната средина и се насочивме кон користење на нови техники наречени “ozone wash“ или перење со озон, без користење на една единствена капка вода.

SEKCIJA 3
SEKCIJA 3

БИДИ ДЕЛ од подобро

Во споредба со производството на обичната вискоза, производството на нашата вискоза се одвива со 50% помалку емисии и 50% помала потрошувачка на вода.