БИДИ ДЕЛ од
подобро

БИДИ ДЕЛ од ПООДРЖЛИВА МОДА. НИЕ СМЕ ДЕЛ од новата доба на модната индустрија која е свесна за своето влијание врз средината. Сакаме промена.

 

Свесни сме за нашата одговорност кон општеството и средината. Се стремиме да ја трансформираме нашата понуда и индиректно, модната индустрија. Сакаме да работиме со вас за да го направиме нашиот отпечаток попријателски кон средината, па затоа оваа година ви претставуваме четири поеколошки иницијативи кои ги следиме при дизајнирање на нашите модни колекции: БИДИ ДЕЛ ОД ПОМАЛКУ, БИДИ ДЕЛ ОД ПОДОБРО, БИДИ ДЕЛ ОД ФЕР и БИДИ ДЕЛ ОД ПОВЕЌЕ. За почеток, ви ја претставуваме колекцијата “БИДИ ДЕЛ ОД ПОМАЛКУ“.

Органскиот памук е пријатен, мек, воздушест материјал кој и одговара на кожата. Како што имаме пишувано и претходно, при одгледување на памукот се потребни огромни количини вода. Затоа, во 2016 година, Том Тејлор се приклучи кон непрофитната организација “Иницијатива за Подобар Памук“ (Better Cotton Initiative), која соработува со локални партнери и ги едуцира како да се дојде до памук со помалку вода и помалку штетни хемиски супстанци.

Како уште една важна новина, ви ја претставуваме еколошката вискоза креирана од влакна од целулоза. Овие влакна, направени на основа од дрво, се природни и безопасни кон животната средина. Нашата вискоза е креирана во компанијата “LENZING ™ ECOVERO ™“, која има развиено процес на одржливо производство во чии рамки поголемиот дел од водата и хемикалиите се рециклираат. Во споредба со производството на обичната вискоза, нивното производство на еколошка вискоза има 50% помалку емисии и 50% помала потрошувачка на вода. 
Како трето, ви го претстауваме рециклираниот полиестер, кој се разликува од обичниот во тоа што е направен од искористени шишиња и отпад. Како резултат, за производството на рециклиран полиестер се потребни 30 до 35% помалку енергија за разлика од стандардниот полиестер. Со оваа активност се помага кон намалување на отпадот и загадувањето на средината.

 

SEKCIJA 3
SEKCIJA 3

БИДИ ДЕЛ од помалку

Интегрираното производство користи 88% помалку вода и 62% помалку енергија во споредба со производството на фармерки со стандарден памук.