Летото доаѓа, а со него и шармот на деновите на одмор – морето, сончевите плажи и долгите летни вечери. Време е за кратки ракави и полесна облека. Започни ја новата сезона со летната колекција на Том Тејлор!
Откриј ги нашите препознатливи класици, испреплетени со најнови модни трендови, живописни бои и природни ткаенини кои овозможуваат циркулација на воздух. Летната облека на Том Тејлор нуди удобност и негуван изглед во секое време од денот – без разлика дали станува збор за утринско кафе во вашето омилено кафуле, прошетка покрај море или вечерна прошетка низ градските улици.
Женската колекција обединува три, тематски различни линии кои раскажуваат инспиративна летна модна приказна.
Првата линија си поигрува со нијанси на прашинесто зелена, шампањ и морнарско сина боја, додека смирената палета на бои оживува со енергичната танго портокалова. Сино-зелениот дезен со органски форми внесува елемент од природата, додека минималистичкиот геометриски дезен додава елеганција. Дезенот со точки создава контраст, додека црвениот и белиот дезен со меури се истакнуваат со својата смела, женствена енергија.
Во срцето на втората линија е ленот, синоним за лесна елеганција и воздушеста удобност. Доминираат цик цак ригите, кои потсетуваат на ритамот на тропските ветрови, додека органските мотиви со листови се клучен визуелен елемент. Софистицираната црна боја се испреплетува со бела, беж и нежна маслинеста, а нијансите на ф'стак - зелена и цигла црвена креираат модерен пресврт во тропската естетика.
Третата линија нѐ носи на сафари, каде што синото небо се среќава со златните савани. Нежните беж тонови се комбинираат со контрастна црна, создавајќи елегантни линии кои потсетуваат на зебра дезен. Живописните нијанси на зелена додаваат свежина и наликуваат на пејсажи со ретки видови зеленила на сувите рамнини. Животинските дезени се во преден план, давајќи им храбар карактер дури и на наједноставните парчиња.
Фустаните се срцето на женската летната гардероба. Нашата понуда нуди прекрасни дизајни кои ќе ги импресионираат и најпребирливите модни ентузијасти. Одберете кошула-фустани, фустани со преклоп, елегантни џерси-фустани и макси фустани со различни кроеви. За топлите денови, фустаните со мешавина од лен се незаменлив избор.
Здолништата се уште едно задолжително парче за лето. Во колекцијата ќе најдете миди здолништа од шифон со дезен, плисирани миди здолништа со дезен, класични чино здолништа, здолништа со преклоп, како и секогаш модерните тексас здолништа.
Летото е време за пократки панталони. Откриј ги нашите капри чино панталони, капри тексас панталони, класични чино бермуда панталони, тексас бермуда панталони и бермуда панталони од ленена мешавина. Од долгите панталони, ги препорачуваме “палацо“ панталоните, широките ленени панталони и елегантните “culotte“ панталони.
За совршен летен изглед, комбинирајте панталони и здолништа со лесни горни делови. Во понудата имаме маици со опуштен крој во различни бои и дезени – со линии, зебра дезен, морски мотиви и апстрактни дезени со лисја. Изработени се од 100% памук или од удобна мешавина од памук и вискоза. За елеганција и женствен стил, вистинскиот избор се блузите. Ќе пронајдете кошула-блузи со кратки ракави, блузи со “V“-израз на деколтето и со дезен, како и блузи со везени детали.
Комбинезоните се врвот на понудата. Овие едноделни парчиња ја спојуваат удобноста на панталоните со елеганцијата на фустаните. Идеален избор за безгрижни летни денови!
Машката колекција исто така обединува три тематски различни линии.
Првата линија е инспирирана од робустната убавина на пустината. Сино-сивите нијанси потсетуваат на карпестите предели, додека топлата таупе нијанса на боја асоцира на песочните дини, огреани од сонцето. Портокаловите акценти будат желба за истражување на непознатото, а палетата на бои оживува преку дезенот со силуети на дрвја и шарениот дезен со риги.
Втората линија го отелотворува духот на авантуристичкиот патник. Морнарско сината боја ја одразува мистериозната привлечност на скриените улици на Хавана, додека прашинкасно сината ја доловува суштината на Карипското Море при самрак. Цигла црвената нијанса на боја потсетува на фасадите на колонијалните згради огреани од сонце, кои ја раскажуваат богатата историја на кубанската култура. Доминира дезенот со темносини и беж мотиви со палми.
Наутичката естетика е во срцето на третата линија, која е отелотворена преку класичната комбинација на морнарско сина и бела боја и дезени со мали едрилици.
Квалитетните маици се темел на секоја машка гардероба и незаменлива основа за разновидни модни комбинации во сите сезони. Летната колекција нуди широк избор на 100% памучни маици за мажи. Изберете монохромни дезени, маици со голем централен дезен (слика, логото на Том Тејлор, различни натписи), маици со палми или силуети на дрвја и класични маици со дезен со риги.
Поло маиците со својата карактеристична јака и копчиња, се идеален избор за оние кои сакаат елегантен, но сепак опуштен летен стил. Достапни се во различни бои и вклучуваат внимателно осмислени детали како везено лого, џеб во пределот на градниот кош и обоени рабови на ракавите и јаката.
Летните кошули треба да бидат удобни и да овозможуваат циркулација на воздухот и токму затоа во нашата понуда се вклучени модели направени од природни материјали, како 100% памук и мешавини од памук со лен или лиоцел. Одберете кошули со кратки или долги ракави во класични нијанси на светло и темно сина, беж, бела, сива и нежно розова боја. За поголема разиграност, кошулите со праска боја се идеален избор за шарени летни комбинации.
Летото бара удобност – а машките панталони се прв избор. Нашите најпопуларни модели опфаќаат стилски чино панталони со ремен, лежерни тексас панталони и практични карго панталони. Ако вашата работа бара поформален изглед и долги панталони, долгите чино панталони од ленена мешавина се одличен избор.
Zagotovljena varnost transakcij in osebnih podatkov.
Vračila v trgovino in po pošti.
Brezplačna dostava pri nakupu za vsaj 60 €.