Том Тејлор преодните јакни го овозможуваат токму она што на мажите им е потребно за секојдневен комфорт.
Благодарение на ткаенината од рециклиран полиестер, тенкиот елек е корисен во сите временски услови, затоа што не попушта вода и ја задржува телесната топлина. Хибридниот елек овозможува и екстра безбедност во вечерите, благодарение на неговите рефлектирачки детали.
За повеќе заштита од студ, лесната јакна со качулка со својата брановидна структура е навистина специјална кога станува збор за мода. Не пропуштајте ја и ватираната моторџиска јакна која ја допира машката душа на специјален начин.
Декоративната хибрид јакна со качулка оди еден чекор погоре во контекст на модниот израз, со својата ватирана структура е карактеристична на прв поглед, и со јака која се прилагодува со врвка и качулка која се отстранува. Оние мажи кои се љубители на спортските класици кога станува збор за модата, ќе преферираат “бомбер“ јакна со качулка која нежно го прегрнува телото, или пак јакна со спорстки крој за целосно опуштање.
Многу популарни помеѓу мажите се “softshell“ јакните, затоа што тие се совршенииот избор за секојдневни активности или различни спортски пригоди. Нивниот лесен материјал овозможува топлина и удобност. Водоотпорниот материјал обезбедува заштита, а внимателната осмисленост овозможува удобен фит и топлина, додека рефлектирачките елементи се грижат за безбедноста за време на активностите на отворено.
Памучната јакна е секогаш во тренд, не само заради нејзината удобност и одржливиот материјал, туку и заради нејзината разноликост. Теренската јакна која содржи одржлив памук се истакнува со своите закосени џебови. Јакната со дополнителни џебови и патент зашиен на ракавот ќе се погрижи за модерен изглед на мажот.
Монохроматската јакна-кошула ги има сите модни акредитиви и иако има прав крој, овозможува да си “играте“ со различни стилови. Јакната-кошула едноставно може да ја комбинирате со поделовен стил на облекување. Карираната јакна-кошула го истакнува популарниот кариран дезен и има прилагодлива, отстранлива јака изработена од кадифена ткаенина која убаво топли во постудените месеци.
Имитацијата на кожна јакна е задолжително модно парче за многу мажи, особено кога за нејзино производство е користена високо-квалитетна вештачка кожа. Јакните имитација на кожа се носиви долги години и се секогаш модерни, па затоа може да се опишат како одржлив избор. Моторџиската јакна од вештачка кожа е многу стилска на изглед, но истовремено опуштена и атрактивна во комбинација со фармерки.
Преодните периоди кои пристигнуваат со утринскиот студ може да бидат непријатни, па затоа добра идеја е да размислувате за вистинскиот крој при избор на јакна. “Парка“ јакната е лесна и малку подолга од традиционалната јакна, па ефективно ги штити телото во различни временски услови. Лесната јакна со исправена јака го штити откриеиот предел на вратот од ладното.
Том Тејлор преодните јакни се паметен моден избор затоа што:
Пролетните јакни се прашање на стил. Од презентираните Том Тејлор модели, едноставно ќе ја пронајдете вистинската јакна за вашиот животен стил, различните пригоди и личните модни преференци.
Со избор на одржливо модно парче, ги поддржуате напорите на Том Тејлор за заштита на животната средина преку иницијативата “БИДИ ДЕЛ“, која ја подигнува свесноста за бенефитите на одржливата мода и охрабрува промислено купување на модни парчиња.
Приклучете се на Том Тејлор семејството и уживајте во големиот број поволности при купување облека нарпавена од одржливи материјали кои гарантираат удобност и квалитет, секогаш се во тренд и се соодветни за сите пригоди.
Zagotovljena varnost transakcij in osebnih podatkov.
Vračila v trgovino in po pošti.
Brezplačna dostava pri nakupu za vsaj 60 €.