Logo
Iskanje

Število izdelkov:
Order Total (cena z DDV)

Карактеристики на зимските јакни

Зимските јакни се суштински дел од нашата гардероба, заштитувајќи нѐ од студот, ветерот и влажноста во постудените месеци. Додадете на тоа привлечен дизајн и имате совршена комбинација на практичност и добар стил.

Квалитетната зимска јакна не е само облека, туку е и инвестиција во нашата удобност и здравје. Том Тејлор ја разбира важноста од изборот на вистински квалитетни материјали за да се обезбеди водоотпорност, добра изолација и издржливост низ повеќегодишното носење. Ја разбираме важноста на одржливата мода и токму затоа нашите материјали се еко-пријателски.

Во оваа модна приказна ви ги претставуваме клучните карактеристики на нашите зимски јакни кои со сигурност ќе ве уверат во нивниот квалитет.

Заштита од врнежи

При изборот на зимска горна облека, заштитата од врнежи е една од најважните карактеристики. Важно е да се разберат поимите водоотпорен, водоодбивен и водонепропустлив бидејќи постојат важни разлики меѓу нив.

ВОДООТПОРЕН
Водоотпорноста значи најниско ниво на заштита од вода. Облеката штити од влага поради дебелината на самата ткаенина, која делува како бариера меѓу нас и послабиот дожд. Водоотпорните јакни често се направени од цврсто ткаена ткаенина која обезбедува основна заштита од лесен дожд. Овој вид на материјали не е подоген за подолго, продолжено изложување на дожд.

ВОДООДОБИВЕН
Водоодбивниот материјал спречува водата лесно да навлезе во ткаенината. Наместо тоа, капките вода се одбиваат од површината, што се нарекува хидрофобност. Хидрофобноста на ткаенината се постигнува со импрегнирање на ткаенината со импрегнирачки премаз. Водоодбивните јакни се погодни за силни дождови бидејќи успешно спречуваат ткаенината да се навлажни.

ВОДОНЕПРОПУСТЛИВИ
Означуваат највисоко ниво од дожд и снег. Водонепропустливите јакни се издржливи дури и при обилни дождови и спречуваат водата под притисок да пробие и да протече низ ткаенината. Дополнителна заштита е обезбедена со лепење на шевовите и водонепропустливи патенти, кои се покриени или обработени со полиестерски ленти за да се спречи пенетрација на вода.

Важен податок е стапката на вода, која означува колку вода може да поднесе материјалот пред да почне да пропушта вода. Вредноста на стапката е означена во милиметри (mm). Водената стапка од 2.000 mm и повеќе е доволна за поеќето временски услови (нормални врнежи дожд) кои вообичаено се среќаваат во Европа.

BIONIC-FINISH® ECO импрегнација

Зимските јакни на Том Тејлор се водоотпорни благодарение на BIONIC-FINISH® ECO импрегнирачки премаз. Ова е модерна технологија за импрегнација на ткаенината која е дизајнирана како еко-пријателска алтернатива наспроти конвенционалните импрегнирачки премази.

 

ЕКО-ПРИЈАТЕЛСКИ СОСТАВ
Премазот не содржи флуор и други штетни материи, што значи помало влијание на животната средина и поголема безбедност за корисниците.

 

ВОДООДБИВНОСТ И ОТПОРНОСТ НА ДАМКИ
Површината на ткаенината е хидрофобна, овозможувајќи лизгање и слевање на водата и нечистотиите во форма на капки. Ова спречува облеката да се навлажни и ја чува чиста подолго време.

 

“ДИШЕЊЕ“ НА МАТЕРИЈАЛОТ
Облеката со BIONIC-FINISH® ECO импрегнација обезбедува регулирање на влагата и удобност.

 

ТРАЈНОСТ И ДОЛГОРОЧНОСТ
Премазот е отпорен на перење, но сепак мора да се следат упатствата за одржување за да се одржи неговата ефикасност. За совети како правилно да ги одржувате зимските јакни, погледнете ја модната приказна “Како правилно да ја одржувате зимската облека?“.

 

ИМИТАЦИЈА НА ПРИРОДАТА
Инспирацијата за технологијата доаѓа од природата, затоа што го имитира начинот на кој водата се одбива од различни површини, како пердувите на птиците и листовите на растенијата.

Изолација SORONA® AURA 

Зимските јакни Том Тејлор нудат одлична заштита од студот благодарение на изолацијата SORONA® AURA. Овој напреден изолациски материјал комбинира супериорни изолациски својства, издржливост и еколошки состав.

ОДРЖЛИВ СОСТАВ
Изолацијата SORONA® AURA содржи до 37% био-базирани материјали добиени од обновливи извори. Ова претставува помала зависност од нафтата и намален јаглероден отпечаток во производниот процес.

СУПЕРИОРНИ ИЗОЛАЦИСКИ СВОЈСТВА
Материјалот обезбедува ефективно задржување на топлината, одржувајќи го телото топло дури и во екстремно ладни услови. Заради составот овој материјал е лесен, но многу ефикасен како топлинска изолација.

ПРОДОРНОСТ НА ВОЗДУХ И УДОБНОСТ
SORONA® AURA обезбедува добра продорност на воздух, што спречува прегревање и обезбедува удобност при активности на отворено.

ЗАЧУВУВАЊЕ НА ФОРМАТА
Дури и ако го стискате и превиткувате, материјалот брзо се враќа во првобитната форма.

ДОЛГОТРАЈНА ИЗДРЖЛИВОСТ
Изолацијата е отпорна на триење и перење, што значи дека ги задржува своите својства и по долгогодишно користење и повеќекратно миење.

Употреба на рециклирани материјали

Посветени сме на одржлива мода и затоа се насочивме кон употреба на материјали кои се пријателски кон природата.

Дали знаевте дека полиестерот е најчесто користен материјал во облеката? Овој синтетички материјал, направен од необновливи ресурси, како што е нафтата, е многу издржлив, но има важен недостаток: не е биоразградлив. Како резултат на тоа, облеката од полиестер често завршува на депонии, што е огромен товар за животната средина.

За среќа, постои еколошки решение - рециклиран полиестер! Ова е одлична алтернатива на традиционалниот полиестер, бидејќи ги има речиси истите својства. Силен е, издржлив, брзо се суши и е отпорен на дамки и гужвање.

Зимските јакни Том Тејлор содржат 100% рециклирано REPREVE® полиестерско влакно кое се добива од отпадните пластични шишиња кои се одржливо добиени. Ова го намалува отпадот и придонесува за поодговорен пристап кон дизајнот на облеката. 

Пердувот е еден од најдобрите природни материјали за изолација во светот. Има неверојатни карактеристики: совршено ја задржува топлината, овозможува продорност на воздух и е екстремно лесен, што овозможува удобност и топлина без вишокот тежина. 

Фактот дека пердувите од искористените јоргани и перници може да се рециклира и реупотреби е одлична предност. На овој начин, помагаме да се намали отпадот и да се обезбеди благосостојба на животните. Токму затоа користиме 100% рециклирани пердуви за полнење на нашите зимски јакни."

Дополнителни карактеристики

Смислено ги дизајниравме следниве карактеристики за да обезбедиме дополнителна вредност:

  • Качулка која се отстранува со врвка за адаптирање.
  • Ребрести манжетни на ракавите за да се спречи испуштање на топлината и за да се овозможи. дополнителна заштита од навлегување на вода од врнежи.
  • Повеќе џебови за складирање со затворање со патент или копче.
  • Двонасочно закопчување со патент за подобра приспособливост и уште поголема удобност при носењето.
  • Постава од чоја за дополнителна изолација и меко топло чувство. 

Том Тејлор нуди голем избор на зимски јакни кои ги комбинираат функционалноста, удобноста и модерниот изглед. Дизајнирани се за да обезбедат заштита во сите временски услови, истовремено правејќи да се чувствувате удобно и самоуверено.

Инвестирајте во квалитет! Одберете Том Тејлор зимски јакни!

Varen Nakup

Zagotovljena varnost transakcij in osebnih podatkov.

Možnost vračila

Vračila v trgovino in po pošti.

Dostava

Brezplačna dostava pri nakupu za vsaj 60 €.