Зимата е веќе во полн ек, што исто така значи и носење топли зимски алишта. Без разлика дали се детски, машки или женски, зимските модни парчиња бараат специјална грижа и одржување.
Погледнете што сѐ треба да знаете за одржување на зимската облека.
За детската, машката и женската зимска облека да остане во добра состојба колку што е можно подолго, суштински важно е да ги следите основните инструкции:
Материјалите кои се користат за зимската облека се разликуваат меѓусебно и затоа и нивното одржување е различно. Користете ја табелата за да ви помогне при грижа за женската, машката и детската зимска облека.
Во принцип, на јакните не им е потребно секојдневно перење, но се препорачува да се исчистат од време на време. Може да ги однесете на хемиско чистење, но може и да се погрижите за нивното чистење дома.
За почеток, исчистете ја јакната со метла за да отстраните било каква кал или друга нечистотија. Особено детските јакни често имаат исушени дамки кои треба да се отстранат пред перење.
За поголеми дамки, измешајте кафена лажичка благ детергент во топла вода и навлажнете сунѓер во неа. Потоа нежно отстранете ги дамките со добро исцеден сунѓер.
Пред перење, отстранете ги сите делови кои се вадат, како качулка или крзно од јаката на јакната.
Следно, исперете го крзнениот капут, за кој се препорачува најнежната програма. Важно е јакната да се пере на пониска температура и да не се претерува со циклусот на центрифугирање при перењето. Потоа, исушете ја испраната полнета јакна во машина за сушење алишта, во која ќе додадете неколку чисти тениски топчиња со јакната, како би спречиле пердувестото полнење на јакната да се залепи едно за друго во форма на грутки.
Женските јакни од вештачко крзно неодамна станаа вистински тренд. За да ја го одржувате нејзиниот привлечен изглед, неопходно е да се грижите за нив на вистински начин.
Користете шишенце со распрскувач во кое има само чиста вода за да помогнете да се исчистат поголемите дамки. Испрскајте ја водата врз дамката, а потоа нежно исчешлајте го пределот со мека четка со природни влакна. Може да користите стара четка за коса, а некои луѓе користат и чешли за четкање миленичиња.
Доколку имате доволно голема машина за перење, можете да ја перете јакната со вештачко крзно на истиот начин како друга деликатна женска облека. Одлично е да ја ставите јакната во голема мрежеста кеса, а потоа да користите поблаг циклус со ладна вода и нежен детергент. Јакната треба да се суши на воздух, додека не се препорачува употреба на машина за сушење.
Женските и машките кожни јакни се безвременски тренд и задолжително модно парче во секоја гардероба. За да ве служи долги години, важно е правилното одржување. Перењето на кожна јакна во машина за перење не е препорачливо, па затоа најдобро е да ја однесете на хемиско чистење. Дамките исто така може да се отстранат рачно, со помош на средства специјално наменети за третман на кожа.
Дамките на кожните јакни исто може да се отстранат со нежна мешавина од детергент и вода. Најпрво, исчистете ја јакната со нежна ткаенина во кружни движења, за да ја отстраните прашината или друга нечистотија. Потоа, измешајте кафена лажичка нежен детергент во топла вода. Натопете сунѓер во мешавината и потоа исцедете го добро за да е влажен но не и мокар.
Потоа, нежно исчистете ја дамката со сунѓерот. Клучот на успехот тука е да не триете, туку да користите нежни, кружни движења кои нема да ја оштетат јакната. По чистењето, избришете ја јакната со сува ткаенина. Не користете машина за сушење алишта или било каков начин и метод на сушење со топлина, како радијатор или фен.
Волнените алишта исто така треба соодветно да се одржуваат. Превртете ги наопаку пред перење и перете исклучиво само волнени парчиња облека заедно во машината. Одберет програма специјално наменета за волна, во комбинација со нежен детергент. Избегнувајте да користите омекнувач и користете машина за сушење алишта само доколку истата има соодветна програма за волна.
За поголеми дамки, истурете минерална или газирана вода врз облеката и потоа нежно избришете ја дамката. Избегнувајте силно триење.
Дали има нешто подобро од мек и удобен кашмир? Женските, машките и детските алишта направени од овој материјал исто така се негуваат на посебен начин. Перете ги со програма за деликатни алишта - на ниски температури со нежен детергент. Избегнувајте употреба на омекнувач, а не се препорачува ни сушење во машина за сушење алишта.
Отстранете ги поголемите дамки од облеката од кашмир со истата процедура како за волнена облека.
Како сите останати детски, женски и машки парчиња облека, шаловите, капите и ракавиците исто така треба да се исперат. Перењето зависи од материјалот, но генерално, можете да ги перете во машина за перење алишта. Најпрво погрижете се да ги проверите инструквиите на ознаката на производот. Кога станува збор за кожни капи и ракавици, одржувајте ги на ист начин како кожните јакни.
Никогаш не ги оставајте ракавиците во џебовите на јакните и капутите. Ткаенината е влажна заради тоа што сте ја носеле и мора да се проветри, во спротивно може да се појави непријатен мирис на влага.
Денес, женската, машката и детската облека е направена од различни материјали. Пред купување, важно е да одберете облека која е удобна, топла, долготрајна и едноставна за одржување. Секако, важно е и да одберете материјали кои се еко-пријателски.
Во Том Тејлор, целиме кон понуда на што повеќе модни парчиња кои ќе ви овозможат максимална удобност и добросостојба, додека истовремено сме пријателски кон планетата. Нашите внимателно дизајнирани одржливи зимски модни парчиња ќе ве топлат во годините кои следат и ќе ви овозможат сѐ што ви е потребно во студените денови.
Zagotovljena varnost transakcij in osebnih podatkov.
Vračila v trgovino in po pošti.
Brezplačna dostava pri nakupu za vsaj 60 €.