Од аспект на одржлива мода, едноставните алишта, направени од одржливи материјали и со класични кроеви, станаа сѐ попопуларни во последните години. Ваквиот вид облека не само што е практичен и разновиден, туку и прилега на различни телесни фигури.
Преку иницијативата БИДИ ДЕЛ, Том Тејлор охрабрува одржливо однесување. Долги години Том Тејлор ја гради својата понуда преку внимателна селекција на одржливи материјали. Одбраниот органски памук, рециклираниот полиестер и органската вискоза се важен чекор кон заштита на животната средина, спречувањето на загадување и исцрпувањето на важни природни ресусри.
Том Тејлор преодните мантили се достапни во различни кроеви, а исто така може да си “поиграте“ со различни бои и ткаенини.
Класичната маица направена од одржливи материјали е соодветна за специјални пригоди, доколку има некои специјални детали на неа, или пак за секојдневно носење, доколку ви е потребно парче за целосна опуштеност.
Големата предност на квалитетните маици е тоа што се екстремно практични и може да се комбинираат со сите други парчиња облека без да привлекуваат внимание на самите нив. Том Тејлор нуди голем избор на маици со кратки и долги ракави во разновидни бои и со разни дезени, за секоја пригода. Маиците на Том Тејлор ќе направат да изгледате уредно и уникатно за секунда - на работа, дома или за било која друга пригода.
Пролетта е времето кога нежноста и убавината пристигнуваат на сцена. Во модната експресија, повторно може да носиме пастелни нијанси бои, да се ослободиме од стрикнтните црни модни парчиња и тежината на нијансите на сива боја.
Во пресрет на првите сончеви зраци, светлите тонови на облеката лесно се комбинираат една со друга, затоа што се смирени и истовремено изгледаат елегантно. Пастелните нијанси креираат чувство на смиреност. Заради импресијата на нежност, исто така добро се вклопуваат во слоевити модни комбинации, кои се тренд оваа пролет.
При слоевито облекување, многу е важно да се содржи од облека направена од одржливи материјали кои “дишат“.
Со елеците, едноставно може да постигнеме модерно облекување во слоеви на многу лесен начин, што е навистина погодно во пролет или есен, кога не можеме да ги предвидиме температурните варијации во текот на денот. Кардиганите исто така може да бидат многу погодни за слоевито облекување. Може да заменат јакна и мантил во потоплите месеци, доколку утрата и вечерите се доволно топли.
Најпогодно при слоевитото облекување е тоа што можете да соблечете одредено модно парче и повторно да изгледате добро. Мора да бидеме внимателни при комбинирањето за да се осигураме дека има баланс помеѓу облеката.
Zagotovljena varnost transakcij in osebnih podatkov.
Vračila v trgovino in po pošti.
Brezplačna dostava pri nakupu za vsaj 60 €.