Tанцувајте кон лето

Женската гардероба не е целосна доколку во неа нема најмалку еден фустан. Ова со сигурност  е најженственото модно парче кое секогаш изгледа убаво. Најчесто, фустанот е прв избор за формални настани, но е многу корисен и во секојдневието. Жените ги обожаваат летните фустани бидејќи се лесни и даваат слобода на движење.

Ако додадат топол кардиган и хеланки, можат да ја носат омилената модна комбинација и во поладните денови. Бидејќи сите заслужуваат да го најдат фустанот од соништата, Том Тејлор спреми широка понуда на женски фустани. Дали сте заинтересирани?

Том Тејлор летни фустани

Том Тејлор редовно вклучува повеќе модели фустани во своите колекции, а подолу ќе пронајдете неколку фустани од летната колекција.

Фустан на преклоп или "wrap dress"

Главната карактристика е дека изгледа добро на секој тип на телесна градба. Прилега на жени со облини како и на оние со ситна фигура. Како резултат на преклопувањето и врзувањето на ткаенината во централниот дел на телото, помага да се креира облик на песочен часовник, да се нагласи половината и визуелно да нѐ направи послаби. Доколку фустанот има и "V" израз на деколтето, убаво го нагласува и ги балансира истакнатите колкови.

Фустан - кошула

Има крој како кошула, затоа што има јака и копчиња од напред. Вообичаено, ваквиот фустан се врзува на половината, што е одлично за креирање на фигура на песочен часовник. Ова е особено корисно за жени со рамна и атлетса фигура кои немаат нагласена половина. Фустанот - кошула од нашата понуда има дезен со вертикални линии, што помага оптички да се издолжи фигурата.

Миди фустан

Фустанот со миди должина завршува во пределот од два центиметри под коленото до веднаш над глуждот, а вообичаено е со должина до половина на листот на ногата. Оваа должина не е најсоодветна за оние кои се пониски или пак оние со нагласени колкови. Миди фустанот е најдобар за повисоки жени. Во нашата понуда вклучен е фустан со цветен дезен.

Фустан со изглед како наметка

Има малку широк изглед и слободно паѓа врз телото. Може да има набори во пределот на половината и карнери во долниот дел. Многу е удобен за носење затоа што е лесен. Во нашата понуда ќе пронајдете фустан како наметка со кратки и со долги ракави, со должина до колена и “henley“ или “V“ израз на деколтето. Може да одберете монохроматски фустан во нијанси на зелена, беж и сина боја, или да се одлучите за цветен дезен или дезен со линии. Направени се од вискоза, која што е многу мека и нежна ткаенина која има убав пад. Потенката вискозна ткаенина придонесува да се чувствуваме поладно и затоа е особено соодветна за носење во текот на летните месеци.

Погледнете ја понудата во нашите продавници, каде со сигурност ќе го пронајдете вашиот нов омилен летен фустан.