КРОЈ, ДОЛЖИНА И СТРУК НА ФАРМЕРКИТЕ
1. КРОЈ НА ФАРМЕРКИ
Како и кај жените, правиот крој на фармерки помага во креирање на силуета кај мажите. Според кројот, фармерките може да бидат многу тесни, тесни, прави, со ѕвонести ногавици, со стеснување кон глуждот на ногата и широки.
2. ДОЛЖИНА НА ФАРМЕРКИ
Генерално, фармерките треба да бидат доволно долги за да достигнат до горниот дел на стапалото, каде што може да се акумулираат неколку мали набори ткаенина, а истовремено, треба да бидат доволно кратки за нивниот раб да не се допира до земјата. Сепак, треба да ги имаме предвид трендовите на фармерки како исечени, со манжетни или пак набрани, односно, должината во голема мера е прашање на личен избор.
3. ВИСИНА НА ФАРМЕРКИ
Висината на фармерките одредува колку високо ќе бидат поставени истите во пределот на колковите и половината. Го означува растојанието од средината на работ кај препоните до врвот на појасот. Фармерките можат да имаат:
• ВИСОК СТРУК: Половината на фармерките најчесто се наоѓа над папокот. Фармерките со висок струк нема да ви одговараат доколку сакате да ја вметнете кошулата во нив, затоа што се премногу високи.
• СРЕДЕН СТРУК: Исто така викан и нормален струк, затоа што ваквите фармерки стојат на природен појас, веднаш до папокот. Прилегаат на сите облици и телесни фигури и се најсоодветни доколку сакате да ја вметнете вашата кошула во нив.
• НИЗОК СТРУК: Фармерките стојат на колковите, неколку сантиментри под папокот. Со вакви фармерки, вашиот изглед делува малку поопуштен.
КАКО ЈА ОДРЕДУВАМЕ ГОЛЕМИНАТА?
Не ви е сосема јасно што значат двете бројки најчесто дадени како големина на фармерките? Ќе ви објасниме преку пример за фармерки со големина 32/34. Бројот 32 означува ширина или конфекциска вечичина М, додека бројот 34 ја означува должината на фармерките. За да бидете сигурни дека ќе ја одберете вистинската големина, ве советуваме да се измерите. Најпрво, потребен ви е обемот на половината и колковите (ширина), а потоа должината на рабовите (должина). Рабовите се протегаат од спојот на меѓуножјето до работ на ногавицата, мерено на фармерки кои веќе ги поседувате и ви прилегаат совршено. Врз основа на добиените мерки, прочитајте ја големината од табелата со величини.
Подолу ќе ви претставиме кои модели машки фармерки може да ги пронајдете во понудата на Том Тејлор, како и ќе споделиме неколку трикови за избор на вистинскиот модел.