Дали и вие имате чувство дека неодамна купивте облека за вашето дете, но сега веќе е премногу мала за него? Не грижете се, голем дел од родителите се соочуваат со предизвикот со брзото растење на нивните деца. Доколку имате проблем да ја утврдите точната големина додека купувате детска облека, споделуваме со вас корисни информации која облека е добро да ја купите поголема, додека пак која не треба да ја “мерите од око“.
Постои конфузија кога се утврдува големината на детската облека заради различните информации дадени на ознаките на облеката. Дел од облеката може да се купи согласно возраста на детето, додека друга ја зема предвид висината на детето, а на некоја е дополнително означен и обемот и должината, или други мерки кои ќе ви помогнат да ја пронајдете вистинската големина. Децата растат и се развиваат брзо, а нивната облека треба секогаш да е удобна и прилагодена на нивниот брз раст.
Како да одберете облека која ќе се адаптира на детето во различни фази на растот?
За да избегнете непотребни грешки при купување на детска облека, следете некои од клучните совети кои ќе ви помогнат да ја одберете точната големина на детските алишта за различна возраст.
На интернет постојат голем број табели кои може да ви помогнат да ја утврдите големината, но најчесто не ја опфаќаат разликата во развој кај момчињата и девојчињата, како и физичките карактеристики на децата на индивидуално ниво.
Класичната табела за облека може да ви помогне грубо да ја утврдите големината, затоа што помага да се утврди соодветата однапред утврдена величина за деца од нивното раѓање, до крајот на тинејџерскиот период, преку приказ на средни вредности во табелата.
Најголемиот недостаток на оваа табела е утврдувањето на величината преку висината и возраста на децата, затоа што некои деца се помали за возраста, додека други растат побрзо од своите врсници.
Изборот на големина зависи примарно од тоа кој дел од детската облека го купувате.
При купување на поширока надворешна облека, како детски џемпери и кардигани, кошули и блузи, или фустани за девојчиња, големината може да биде поголема.
За облека со потесен крој, големината мора да се утврди попрецизно, а ова особено важи за детските маици и панталони, како и за спортската облека и обувки. Со оглед на тоа дека децата со иста висина и возраст се разликуваат во нивниот телесен облик, детската облека од соодветна вечилина се избира на база на омеб:
При купување на јакна или фармерки за деца, каде правилниот крој или нивната должина е од суштинска важност, обрнете внимание на описот на секој продукт кој ќе ви даде дополнителни информации.
За да ви олесниме при избор на вистинската големина на детската облека, ви претставуваме ажурирани податоци во табела подолу.
Ажурираната табела за детска облека, покрај класичните параметри, како големина, возраст и висина на детето, исто така ја има предвид разликата помеѓу облеката за момчиња и за девојчиња, со која за да ја одберете вистинската големина на облека, потребно е да го измерите обемот на градниот кош, половината и колковите.
За да ја утврдиме вистинската големина на детската облека, мора да се имаат предвид следните мерки:
Том Тејлор нуди колекција за помали деца, на возраст од 2 до 9 години, како и колекција облека за тинејџери од 10 до 16 години. Покрај можноста за избор на соодветната големина и преглед на табелата со големини, секој производ има детален опис со неговите карактеристики - облик на крој, растегливост на материјалот, насоки и информации за одржување, итн.
Сите парчиња облека ги следат насоките за производство од одржливи материјали, нагласено преку БИДИ ДЕЛ иницијативата.
Одржливоста исто така се истакнува и во понудата на детска облека и ги охрабрува корисниците некои детски парчиња облека да ги купуваат поголеми, што им овозможува на децата да ги носат подолго време.
Ве покануваме да станете дел од Том Тејлор семејството, со што можете да искористите голем број бенефиции за набавка на квалитетна детска облека по добри цени.
Zagotovljena varnost transakcij in osebnih podatkov.
Vračila v trgovino in po pošti.
Brezplačna dostava pri nakupu za vsaj 60 €.