Logo
Iskanje

  • Another content here
  • Another content here
Število izdelkov:
Order Total (cena z DDV)

Фустани и комбинезони

Можете ли да замислите женска гардероба без фустан? Ние дефинитивно не можеме, па затоа составивме широк асортиман на женски фустани со различни кроеви, бои и дезени за ова лето. Во понудата имаме кошула-фустани, фустани на преклоп, фустани со карнери и долги макси фустани. Фустаните од мешавина на лен се одличен избор и ќе ве разладуваат во жешките летни денови. Ја надополнивме понудата на фустани со комбинезони, кои се добра дополна на летниот изглед. Ова е едноделно парче облека кое ги комбинира удобноста на пантолоните со елеганцијата на фустанот. Можете да одберете комбинезони со различни дезени, како точки и ситен мрежаст дезен.

Пантолони и здолништа

Летните пантолони се дизајнирани за да дозволат максимална слобода на движење, додека истовремено креираат безгрижен и стилски изглед. Помеѓу најпопуларните дизајни се “palazzo“ и пантолоните со широк крој, кои креираат опуштен изглед. Летото е идеално време за кратки пантолони, како капри и бермуди. Во понудата ќе пронајдете капри чино панталони, капри тексас панталони, класични чино бермуда панталони, тексас бермуда панталони и бермуда панталони од ленена мешавина. Летните здолништа се совршениот избор за креирање на лесен, женствен изглед за време на топлите месеци. Вклучивме здолништа со различни должини, од кратки, кои ги покажуваат вашите нозе, до долги макси здолништа кои креираат елегантен изглед. Боите и дезените исто така играат важна улога, затоа што додаваат свежина и енергија во секојдневниот изглед.

Кошули, блузи и маици

За удобен и опуштен изглед, одберете маица со широк крој. Достапни се во различни бои и со различни дезени, како риги, зебра дезен, морски мотиви и дезени со апстрактни листови. Направени се од 100% памук или мешавина од памук и вискоза. Блузите се незаменлив дел од женските летни модни комбинации, креирајќи спој на лесностија, удобност и елеганција. Направени од памук, лен или вискоза, тие се прозрачни и удобни за носење. Популарните дизајни вклучуваат блузи со “V“ израз на деколтето, блузи со карнери за доза романтика, како и блузи со различни дрзени. Одберете блуза со кратки ракави, совршена за жешките денови, или пак блуза со долги ракави, која е одличен избор за посвежите летни вечери.

Модна инспирација со Катарина

Катарина состави прекрасни летни комбинации кои инспирираат со свежина и леснотија. Создајте монохроматски изглед од глава до пети – ленено сако, елек и панталони во нежна беж нијанса се совршен избор за софистицирана летна елеганција. Предноста на монохроматските комбинации е нивната разновидност, бидејќи овозможуваат бескрајни можности за игра со модни додатоци. Катарина го зачини класичниот изглед составен од беж панталони и плетен топ, со шик шарена марама и со практична торба. За женствен и впечатлив изглед, одлучете се за фустан со интересен дезен кој сигурно ќе го привлече вниманието.

Приклучете се на семејството на Том Тејлор

Том Тејлор не е само моден бренд, туку е и заедница која ги вреднува квалитетот, удобноста и опуштениот начин на живот. Нашата страст за мода не е само за облека, туку е и за креирање на простор каде секој ќе се чувствува самоуверено и удобно. Приклучете се на семејството на Том Тејлор и добијте неделни известувања за најновите модни трендови, новитетите во нашата понуда и најновите промоции. Што е најдобро? Ќе уживате во ексклузивни промоции и поволности, достапни само за членовите на семејството на Том Тејлор.

Varen Nakup

Zagotovljena varnost transakcij in osebnih podatkov.

Možnost vračila

Vračila v trgovino in po pošti.

Dostava

Brezplačna dostava pri nakupu za vsaj 60 €.